Лос Анџелес, 27 март 2024 (МИА) – Продуцентот Џери Брукхајмер, кој претходно работеше на сите пет филмови од авантуристичкиот серијал „Пирати од Карибите“, во интервју за „Комикбук“ (ComicBook) најави ново продолжение.
Всушност, Брукхајмер рече дека ќе се снима видоизменета преработка на оригиналната приказна, неоткривајќи други подробности. Филмскиот работник не сподели временска рамка за снимањето или датум на прикажување на филмот. Во првичниот серијал филмови глумеа Џони Деп, Орландо Блум и Кира Најтли.
Вкупната заработка од сите пет филма досега се проценува на 4,52 милијарди долари.
За Марго Роби последниве години се говореше дека е следната „главна пиратка“. И Брукхајмер во меѓувреме навести дека сценариото за Роби во „Пиратите“ – „ќе се појави во одреден миг“, како што пренесува „Колајдер“.
Од Слободан Иванов Извор: МИА