Наталитетот во Албанија продолжува да опаѓа, населението старее

Според податоците од државниот институт за статистика (ИНСТАТ), во првата половина од 2025 година во Албанија се родени 9.644 бебиња, што е за 7% помалку во споредба со истиот период лани. Во вториот квартал бројот на новороденчиња изнесува 4.982, односно 7,4% помалку од претходната година.

Падот на наталитетот е забележан речиси во сите региони, освен во Тирана, која има најголем број раѓања (1.982) и најголемо население. Најмал број раѓања има регионот Ѓирокастро (74).

И покрај тоа, природниот прираст на населението е позитивен, со 48 повеќе раѓања отколку смртни случаи. Најголем природен прираст има Тирана (+691), додека Корча има повеќе смртни случаи од раѓања (-226).

Падот на наталитетот води до постаро население и помал број млади лица на пазарот на трудот. За да ја стимулира раѓањето деца, албанската влада подготви закон кој од јануари 2026 година предвидува месечен финансиски надоместок за деца до 5 години, наменет за младите брачни парови.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава