Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Кујна

Неколку специфични европски специјалитети

28.05.2024 21:04
Сподели

Лондон, 28 мај 2024 (МИА) – Познато е дека Европа изобилува со добри места за закуска… Британски „Гардијан“ посочува неколку земји, заедно со дел од јадењата и рестораните, се вели, каде што може најмногу да се ужива.

Свежа морска храна во Грција

На пазарот „Варвакиос агора“ во Атина, морските плодови се толку свежи што воздухот мириса на море, пишува „Панкуфер“ (Punkufer). Во ресторанот „Хасапика“, на пр., може да се одбере риба, но и гостинот да наведе како сака таа да се подготви. Меѓу понудите се и печен октопод, „Севиче“ (Ceviche) од лосос, огромни пржени ракчиња. Но, најважното – специјалитетот е јадењето наречено „Тава Хасапика“ – рачно изработени тестенини полно ракови и школки, во сос од домати.

Банер Банер BrandEcho

Според многумина, една порција е доволна за тројца, иако се нарачува за двојка. Цена: 28 евра.

„Пјероги“ во Краков

Ad image

Во полскиот град Краков, на три минути пешачење од главниот плоштад, се стигнува до ресторанот „Но бонс“ (No Bones). За нешто повеќе од седум евра тука се добива чинија „Пјероги“ – полнети кнедли од тесто. Додека сте тука, се препорачува посета на замокот „Вавел“, па Еврејскиот Кварт итн.

Ролнички од месо во Букурешт

На пазарот „Обор“, којшто се наоѓа северозападно од стариот дел од главниот град на Романија, посетителите ќе наидат и на гостилницата „Тераса Обор“ – место за уживање во скара. Тука се препорачува јадењето „Мика“ – мали ролнички од говедско или јагнешко месо.

Среде раздвижениот пазар, ова е омилено место меѓу околното население. Порција ролнички месо чини пет леи (околу едно евро), а се служи со сенф.

Печена туна во португалска Мадејра

Сместен под ѕидовите на средновековна тврдина, над карпестиот брег, „Сантијаго Бич бар“ во градот Фуншал (родното место на Кристијано Роналдо) е место каде што, ако нарачате тенко исечена, печена туна, според преданието, ќе го почувствувате „мирисот и дивината на океанот“, од којшто туната е уловена истиот тој ден.

Загорени шпагети во јужна Италија 

Шпагетите „Ал-асасина“, познати и како „spaghetti bruciati (загорени шпагети)“, е специјалитет на јужна Италија. Се варат на тивок оган додека не станат крцкави, т.е. делумно изгорени.

Од Слободан Иванов Извор МИА

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Руски класик – Пиле полнето со јајца

„Ливањското сирење“ доби заштитено географско потекло

Ал Соле – највкусните македонски јуфки кои мора да ги пробате

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Од каде потекнува сирењето? – Тајната на еден древен вкус

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Чоколадото во ладилник го губи својот вкус

Кујна

Зошто бабината чорба лечи повеќе од апче – и што знаеа старите, а ние заборавивме?

Кујна

Јужнокорејски зачинети тестенини повлечени од пазарот во Данска – биле премногу лути

Кујна

Зошто киселото не се јаде само со грав – туку и кога си тажен? Науката вели: вкусот влијае на емоциите

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?