Утрово на 71 годишна возраст во болницата во Љубљана почина Борислав Ѓорѓевиќ попознат како Бора Чорба, фронтменот на популарната рок група Рибља Чорба.
Веста ја пренесоа српските медиуми, а официјално беше потврдена и на официјалната Фејсбук страница на Рибља Чорба.
„Почитувани пријатели, Со тага и жалење ве известуваме дека не напушти нашиот пријател и брат Борислав Бора Ѓорѓевиќ. Почивај во мир наш драг Боки.“
Познатиот рокер повеќе денови се наоѓаше во болницата во Љубљана поради воспаление на плуќата.