Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: Првата офанзива на Вичо
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » Првата офанзива на Вичо
Библиотека

Првата офанзива на Вичо

27.12.2024
Share
SHARE

Во летото 1946г. ние, група партизани од 70 луѓе, бевме стационирани во Порта, подножјето на Вичо. Утрото стражарите јавија дека многу војска се движи кон Вичо од Бапчор и од кај Прекопана и Черешница, Вишени. Сите набрзина скокнавме и тргнавме накај врвот на Вичо, каде се распоредивме и фативме засолништа. Секој си собра камења колку што може и си ги ставивме пред нас. Грците ги викавме “бурандари“. Нaбрзо од еден до друг протече веста дека бурандарите тргнаа од сите страни во офанзива во борбен распоред. Јас гледав црнејца бурандари преку прекопанската рамнина. Ни дадоа наредба да не се пука додека не дојдат до 50 метра. Бурандарите не беа сигурни дали има “качапијади“, така не викаа тие нас, и затоа слободно напредуваа. Нивната труба постојано им свиреше за напред. Кога стигнаа, околу 50 метра до нас, ние им згрмевме со нашето оружје и тие полегнаа како покосени. Имаше доста и ранети и тие почнаа да бегаат назад, како обезглавени. Ние станавме и почнавме да фрламе камења по нив како по кучиња. Тие си ги влечеа ранетите и убиените. Потоа се собраа долу, во ридот и не нападнаа по втор пат, ама ние ги пречекавме како првиот пат и тие пак изебегаа назад. Тие се обидоа да не нападнат и по трет пат, но ние повторно ги пречекавме на истиот начин, и тие се повлекоа назад во подножјето на Вичо.

Ad image

Се стемни, ние се собравме на врвот на Вичо, каде прво се преброивме, бевме точно 70 луѓе. Имавме двајца полесно ранети, а еден беше потешко ранет со скршена рака над лактот. Бевме многу уморни и гладни, ама најмногу бевме жедни за вода. Баравме
решение како да излеземе од обрачот, бидејќи не би можеле да издржиме до другиот ден. Паднаа многу предлози за излез, едниот беше да избегаме низ шумата преку селото за Елово. Командaнтот Калко реши да поминиме низ теснината на местото Порта. Тргнавме полека, еден по еден и кога се наближивме до Порта, падна наредба да си ги собуеме чевлите и да ги обесиме на вратот. И така поминавме во непосредна близина на бурандарите кои не не открија. Кога стигнавме надвор од обрачот, си ги обувме чевлите и патот го продолживме кон селото Вишени. Надвор од селото се судривме со една мала група грчка војници во заседа. Тие ни викнаа: “Стој“, а ние им одговоривме со “Ура“. Тие се исплашија и веднаш избегаа, дури и не видовме каде. Со марш продолживме над селото Жервени, под селото Коломлати, покрај Статица, над Псодери на Бигла и стигнавме во Буфската Планина, кај местото Јачменчето. Ние решивме тука да останеме подолго. Се поврзавме со младинската организација на Буф, која беше многу јака и набрзо ни донесоа јадење. Јас заминав со ранетите за Битола, бидејќи ја вршев курирската работа за Вичо – Битола.

Меѓу нас беше тешко ранет борец, буфчанецот Вељан Караџовски, кој го ликвидира генералот на бурандарите. Кога го примија во болницата за операција тој ми рече: “Брат Коста, кога ќе се разбудам, сакам да те видам да седиш до креветот покрај мене, оти јас тука немам кој да ме погали по челото“.

Ad image

По пет часа од операцијата тој се освести од анестезијата и ме најде до него. Јас го погалив по челото и двајцата почнавне да плачеме. Една медицинска сетра дојде да не утеши, ама и неа ја расплакавме кога разбра што е работата. Останав три дена во Битола и го посетував Вељан, секој ден во болницата. Требаше да се вратам назад на реонот каде што припаѓав. Вељан оздраве од раната и се врати во редовите на ДАГ како десетар, но загина во уличните борби во Коњица на 26 декември 1947г.

Ad image

„Мојот партизански живот“, Коста Алабаков

Линк до целата книга ТУКА.

You Might Also Like

„Ѕвона“ – Матеја Матевски

Благоја Чоревски ја рецитира „Земја“ од Вапцаров

Како умре Васко Карангелевски?

Вистинскиот човек

Револуција и антиреволуција

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?