Пишува Тодор Петров
Со четириесет и седмиот американски претседател Доналд Трамп, колку и да има некој нешто против него, идеален никој не е па и сам кога би седнал пред огледало маани би си нашол секако, светот нема да биде како до сега. Точно, во некои кругови владее паника, бидејќи педери има многу, ама пари нема! Повеќе нема да има како до сега.
Останува пораката на Трамп дека светот не им припаѓа на глобалистите, туку на патриотите и на суверените држави!
Демонтажата на длабоката држава на демократите во САД, на Агенцијата за меѓународен развој УСАИД и на фондацијата на мизантропот Џорџ Сорос и син му Александар, ќе го исушат мочуриштето за светот да ги виде, чуе и прочита сите ѕверства и злосторства против луѓето, народите и државите од тајните лаборатории каде отуѓени елити како власт во сенка, заедно со Сатаната ја кроеле иднината и судбината на Господ и на Човекот!
Луѓето очекуваат нормализација на односите помеѓу САД и Русија, унапредување на американско-рускиот детант и мир и развој во светот! Луѓето очекуваат нормализација на односите помеѓу големите сили САД, Русија и Кина. Впрочем, додека старите вампири во Брисел војуваат, неколку децении Европа технолошки веќе е зад Кина.
Светот очекува договор за траен мир и добрососедство во Украина и историско украинско-руско помирување! А, договорот ќе го постигнат американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин. Ќе го спасат светот од Трета светска војна. Не спаси од забеганиот Џо Бајден кој во пет до дванаесет, замислете, превентиво си ги помилува сите од криминалното окружување.
Во војна цвета корупцијата и се’ е дозволено, војните се игри без граници. Во мир е крајот на корупцијата и организираниот криминал, на злосторничките здруженија од сите земји обединети. Сатаната повторно се враќа во пеколот, за на земјата да владее мир и добра волја меѓу луѓето кои ќе го слават Бога во висините.
После се’, САД ќе добие неограничен пристап до минералните суровини во Украина. И покрај заканите од комедијантот Володимир Зеленски дека кога ја брани државата не може да ја продава земјата, Киев ќе го потпише економскиот договор со Соединетите Американски Држави. Стариот Брисел уште се препелка кобајаги ќе војува со Русија во Украина, ама ќарот отиде за САД, Европа остана со прстот в уста – и со празни депоа за оружје кое заврши во Украина и со рецесија. Нејзе и’ останаа само трошоците за војната во Украина, се поодразбираат провизиите мене-тебе и ембаргото со Русија од кое штети само Европа претрпе. Е, толку од војната во Украина со Русија! А, таман Радмила Шеќеринска се реши да води кампања низ Европа како да се победи Русија поради војната во Украина. Што не си ги прибере Господ вересиите по земјата…
Но, знаете како велат, таму каде што си ги мерат магарињата, ништо не вадете, предвреме сте изгубиле. Или, кога се тепаат боговите на небото, умираат смртниците на земјата. Доналд Трамп само констатира дека доколку сака Русија, Украина повеќе нема да постои и нема сила која поради тоа против Москва ќе војува. Само Володимир Зеленски остана убеден, поточно заслепен, доволно да ја уништи државата и нацијата. За рехабилитацијата на украинското општество ќе поминат децении, а за реконструкција на уништеното, само Господ знае уште колку време повеќе. И дали ќе има пари? Украина после војната ќе остане држава со пола од населението во иселеништво, со девастирана земја, уништено стопанство и енергетски систем, села и градови кои повеќе не постојат…
Еве го сега Доналд Трамп гради добрососедски односи со Кина и Русија! Ама, “нашите” се уште се фалат дека сме меѓу петте во светот кои по глава на жител и’ помагаат на Украина во војната против Русија, се фалат дека не дозволуваат од Москва и Пекинг ни цент да влезе во Македонија, државната територија ја прогласуваат за ексклузивен пазар за инвестициите само од Вашингтон. Кои идиоти владеаат да ти пукне џигерот.
Американскиот унилатерализам и европскиот центризам стануваат трајно минато свршено време. Светот се развива на мултиполарни основи. И Македонија мора да ја прилагоди својата надворешна политика на новата геополитичка карта на светот. Мораме да бидеме неутрална држава со силна одбрана, правна држава која ќе се пресмета со злосторничките здруженија, организираниот криминал и корупцијата. Мораме генерален ремонт да извршиме во правосудниот систем со генерален реизбор на сите судии и обвинители во Македонија.
Како и за сите и за нас мора да важи правилото: Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси!
Македонија мора да гради политики на активен мултилатерализам – од пријатели никогаш доста, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи!
ЕУ и НАТО нес е достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ.
Инаку геноцидот ќе не’ изеде, а уста не отвораме за него! Без негова демистификација, нема решение на македонското прашање! Нема решение на македонското прашање без држава Македонија, макар и обединета, не голема – таа до Кина и Индија!
Знаете зошто? Затоа што големината на една цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности. А, универзални вредности на Македонската цивилизација на која сите ние припаѓаме, се: мирот и љубовта, наспроти војната и омразата; толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата; и културниот глобализам кој значи интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој поаѓајќи од профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка. Британскиот колонијализам и американскиот империјализам стотици етноси, јазици, религии и култури за последните неколку века избришаа од земјината топка.
И заради мир во регионот, свесни дека само ние Македонците го носиме државното име Македонија во светот меѓу народите и државите, и знаејќи дека Империјата Македонија не можеме да ја супституираме во Републиката Македонија, и исто така, дека сите сме биле делови на исти империи на овие простори, па носиме исто или слично културно-историско наследство, независно од наследените хипотеки и црните страници во историјата, макар и еднострано, Ние, Македонците, велиме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите помеѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!
И незаборавното: Со сите разлики помеѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички содржател. Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не (с)нема!
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!
Колумната е личен став на авторот.