„Спотифај“ минатата година платил девет милијарди долари за авторски права за стриминг

Лос Анџелес, 19 март 2024 (МИА) – Спотифај минатата година им платил на уметниците девет милијарди долари хонорар за стриминг, соопшти денеска овој провајдер на аудио стриминг и медиумски услуги.

Во четвртиот годишен извештај на Спотифај забележани се рекордни резултати на полето на овие мултимедијални содржини, во што спаѓа и најголемата годишна исплата воопшто во музичката индустрија.

– Изложивме сè што знаеме за тоа колку се плаќа и колку уметници постигнуваат различни нивоа на успех, рече потпретседателот на Спотифај задолжен за музичка продукција, Чарли Хелман.

Од Јасмина Тасевска Извор: МИА

▶ Случајно видео

TAGGED:
Сподели ја оваа објава