Белград, 22 март 2024 (МИА) – Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска потврди дека за утре свикал состанок на Советот за национална безбедност во врска со терористичкиот напад кај Москва.
Вучиќ за телевизијата Прва изјави дека „имал неколку причини за свикување на седницата на Советот за безбедност, а ова е непосредна причина“.
Вучиќ изрази сочувство за жртвите од нападот во концертната сала во Москва и изјави дека „светот е се поблиску до голем конфликт“.
Во терористичкиот напад кај Москва, во Крокус Сити Хол загинаа 40 лица, а голем број се повредени.
Од Јасмина Тасевска Извор: МИА