Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: ТикТок тврди дека направил внатрешни промени за подобра заштита на романските гласачи од мешање на претседателските избори во мај
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » ТикТок тврди дека направил внатрешни промени за подобра заштита на романските гласачи од мешање на претседателските избори во мај
Технологија

ТикТок тврди дека направил внатрешни промени за подобра заштита на романските гласачи од мешање на претседателските избори во мај

10.04.2025
Share
SHARE

Вашингтон, 8 април 2025 (МИА) – ТикТок соопшти дека направил промени во своите внатрешни операции за да ги заштити романските гласачи од мешање на претседателските избори во мај, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на еврокомесарката за дигитални технологии и иновации, Хена Виркунен.

– Промените вклучуваат подобро откривање и означување на профили со политичка содржина, како и ангажирање на неколку романски експерти кои работат конкретно на разоткривање тајни кампањи за влијание, појасни таа.

Пред европратениците од Комисијата за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите, Виркунен изјави дека социјалната мрежа вложила напори да осигури дека случувањата од изборите во Романија во ноември 2024 година нема да се повторат.

Ова соопштение доаѓа откако Европската комисија започна истрага против платформата кон крајот на минатата година, како и по незадоволството на европратениците од одговорите на претставниците на ТикТок за време на сослушување во Европскиот парламент. Конечните резултати од истрагата ќе бидат презентирани пред изборите во мај.

– Првичните резултати што Комисијата веќе ги објави укажуваат на илјадници лажни профили од Турција и пошироко. Има индикации дека ќе има последици за компанијата ТикТок, изјави романскиот европратеник Николае Штефануца, заменик-претседател на Европскиот парламент.

Тој објасни дека во случај на одлука за казна, која би била процент од прометот на ТикТок во ЕУ, Европската комисија има овластување да ја спроведе. Казната може да достигне до шест проценти од прометот на компанијата, прецизира Штефануца.

Романските медиуми потсетуваат дека во март ТикТок, Мета, Гугл и Твитер биле поканети да учествуваат на „стрес-тест“ организиран од Националниот орган за администрација и регулација во комуникациите (ANCOM). Тестот имаше за цел да ја провери способноста на учесниците во изборниот процес брзо да се справат со потенцијални онлајн предизвикателства за време на изборите.

Пред неколку дена, ТикТок достави извештај до Европската комисија, признавајќи дека претседателските избори во Романија биле манипулирани во корист на независниот кандидат Калин Ѓорѓеску. Претставниците на кинеската платформа открија дека над 27.000 лажни профили биле користени за поддршка на предизборната кампања на крајнодесниот „Сојуз за обединување на Романците“ и на Калин Ѓорѓеску.

И покрај овие сознанија, истрагата на Главното обвинителство досега се фокусира исклучиво на активностите на Калин Ѓорѓеску на ТикТок, коментира агенцијата Медиафакс. На 27 јануари, обвинителството побара соработка од турските власти за истрага на „фарма за тролови“, за која се тврди дека придонела за онлајн промоцијата на Ѓорѓеску. Според информациите, таа создала над 20.000 лажни профили на социјалната мрежа, генерирајќи повеќе од 2,1 милиони коментари за промовирање на Ѓорѓеску, почнувајќи од 23 ноември 2024 година, непосредно пред првиот круг на претседателските избори.

Алгоритмот на ТикТок ја зголемува видливоста на профилите споменати во голем број коментари, што доведе до засилено присуство на Ѓорѓеску на платформата.

Првиот круг на изборите во Романија во ноември минатата година беше поништен врз основа на разузнавачки извештаи (вклучително од сојузнички држави), кои покажаа дека Русија влијаела врз гласачите преку социјалните мрежи за да го поддржат екстремистичкиот кандидат Калин Ѓорѓеску. Тој стана многу популарен на ТикТок непосредно пред изборите. Во декември, Европската комисија започна истрага за улогата на кинеската платформа, проверувајќи дали таа го прекршила Законот за дигитални услуги (DSA) на ЕУ, кој регулира незаконска содржина, транспарентност на финансирањето на рекламите и дезинформации во однос на проценката на ризик и фер избори. Според DSA, платформите со над 45 милиони активни корисници во ЕУ се обврзани да ги ублажат ризиците поврзани со изборните процеси, истовремено заштитувајќи ги основните права и слободата на изразување.

Од Сања Костовска Извор МИА

You Might Also Like

Анкета: Корисниците на ТикТок во Германија имаат различни ставови за Кина и за Русија

Мета, Амазон донираат по еден милион долари на Фондот за инаугурација на Трамп

Јужнокорејската полиција истражува дали „Телеграм” е вмешан во сексуални злосторства

Мета ќе отпушти пет отсто од вработените, Цукерберг очекува „интензивна година“

Гугл ќе плати 1,4 милијарди долари поради нарушување на приватноста во Тексас

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?