Уште два дена до концертот на Пука Козметика – последните подготовки во тек

Уште само два дена до јубилејниот настап на Пука Козметика по повод 30 години од бендот. Во сабота, 13 декември, во Младински Културен Центар со почеток од 20:00 часот започнува роденденот на пионерите на македонскиот рап.

Браќата Масларковски со интензивни подготовки најавуваат вистински спектакл со бројни гости.
„Гости на настанот се рапери кои ги почитуваме и сакаме да ги слушаме како Туте, Нож, Сам, Дре, Багзи, Рибио, Скитер, Пецо Исток, Негро, а секако отстапуваме и дел за млади емсиња како Крафи, Жабата Леон ММ млад диџеј, како и Диџеј Номадузз кој е дел од Пука Козметика од 2004 та и е нашето креативно крило сите дизајни се негово ремек дело. Би упатиле и еден длабок поклон и вечна памет за братот Скипи од Прилеп кои требаше да настапи, но летна кон рајските градини на 09.12.2025. Нека почива во мир и нека се помни неговата добрина многу години“, се наведува во најавата за настанот.

Билетите по цена од 300 денари можете да ги набавите преку karti.com.mk.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава