Во велешка здравствена установа вчера се случил шокантен инцидент. Полициски службеници од СВР Велес го уапсиле 31-годишниот М.П. од Велес, откако 55-годишна негова колешка пријавила дека бил насилен кон неа на работното место.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, М.П. ја заклучил жената во една од просториите, по што почнал да крши предмети, да ја удира и да ѝ се заканува со остар предмет. Напаѓачот дури ја испрскал во очите со средство за чистење, пред да биде совладан и приведен.
Полицијата веднаш реагирала, а М.П. бил задржан во полициска станица. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


