Виц: Црногорец и мува

Црногорец прави испитување на мува. Најпрво и ја откинува едната нога, и и вели:

-Муво летај!

Мувата полетува. Потоа и откинува и друга нога, и и вели:

-Муво летај!

Мувата полетува. Потоа и ги откинува сите нозе, и и вели:

-Муво летај!

Таа секако полетува. Потоа и го откинува левото крило, и и вели:

-Муво летај!

Мувата едвај полетува. Потоа и го откинува и десното крило, и и вели:

-Муво летај!

Мувата не сака да мрде, па го запишува заклучокот:

“Кога на мувата ќе и ги откинете крилата, она не слуша”

Сподели ја оваа објава