Виц: Што е најбрзо на светот?

Наставничката ги прашува децата што е најбрзо на светот. Малиот Марко вели:

– Куршум. Наставникот вели:

– Добро, куршумот е брз, но не е најбрз. Петар вели:

– Светлината.

– Браво! – Вели наставничката. Малата Марија вели:

– Мислата е побрза од светлината. Наставничката воодушевена:

– Браво, Марија. А малку подоцна Перица станува и вели:

– Татко ми е најбрз!

– Како тоа? – Прашува наставничката.

– Слушнав кога мама рече: “Јас дојдов побрзо отколку што мислев.”

Сподели ја оваа објава