Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Вила Аспен – Голак, совршено место за ваша викенд дестинација
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Вила Аспен – Голак, совршено место за ваша викенд дестинација
Репортажа

Вила Аспен – Голак, совршено место за ваша викенд дестинација

12.01.2025
Share
SHARE

На само 2 часа возење од Скопје или точно 150 км се наоѓа Делчево, мало, симпатично гратче со не повеќе од 10 илјади жители (според последниот попис на населението). Најпозната знаменитост е планината Голак каде своевремено се наоѓаше најпознатото детско одморалиште Голак. Од градот одалечено е 13,4 км или 23 минути возење со патнички автомобил. Се вози по одличен пат, без дупки и одлична сообраќајна сигнализација што за момент доаѓа да се запрашате „Дали ова навистина се наоѓа во Македонија?“.

Содржина
Голак – планина за секој период од годинатаВила Аспен – нешто посебно во македонската туристичка понудаДелчево за крај

Голак – планина за секој период од годината

Голак е средновисока планина лоцирана помеѓу Делчевската Котлина на исток и Кочанската Котлина на запад со т.н. меридијански правец на протегање. Планинскиот масив опфаќа 12.800 ха, односно е долг околу 40 км а широк околу 20 км. Спаѓа во средно високите планини, а највисок врв е Чавка (1.538 м), под кој се наоѓа современ туристичко-рекреативен центар (1.400 м), 12 км од Делчево и на кој се наоѓа игралиште за фудбал, кошарка и тенис. Истоименото детско одморалиште располага со 230 легла и денеска е во целост руинирано.

Она што ја прави посебна оваа планина е тоа што е идеална за секој период од годината.

Ad image

Пролетниот и летниот период е идеална доколку сакате да се сокриете од летните горештини и да се “споите” со густата зимзелена шума. Нуди одлични можности за бројни активности – од пешачење, искачување, планински велосипедизам, но за оние физички поспремните тука е трансферзалата од над 20 км.

ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk

Оние кои ја сакаат планината повеќе во зима нема да имаат причина од разочарување. Иако планината спаѓа во групата на средни кои во текот на годината немаат често снег, Голак поголем дел од зимскиот период е со снег (секако зависи од сезоната). Иако нема патеки за скијање, нуди бројни активности кои може да се практикуваат на снег. Токму и една поскромна ски патека од 500-тини метри која може да се изгради е она што најмногу фали на планината.

Располага го голем број на билки и чаеви кои се берат од месец април па сè до месец октомври како што се жолт и црвен Кантарион, Мајчина Душица, Бела Рада, Ајдучка трева, Бозел, Шипинки, Капини, Диви Јагоди, Подабиче, Нане, Јаглика итн. Се среќаваат голем број на печурки меѓу кои и јадливите Врган, Лисичарка, Буковка, Срндак итн. На планината Голак се среќава и поголем број на дивеч како што се дива свиња, див зајак, лисица, кафеав орел, понекоја срна како и повеќе видови на глодачи.

Вила Аспен – нешто посебно во македонската туристичка понуда

Ако одите на Голак тогаш вистински избор е Вила Аспен. Сместена во густа борова шума на 1400 метри надморска височина, Вилата ви обезбедува целосна приватност, но и безпрекорна интеракција со природата.

Изградена минатата година и располага со 12 еднокреветни и трокреветни соби како и неколку апартмани. Воочливо е дека е посветено огромно внимание, љубов и ентузијазам како на екстериерот така и на ентериерот. Па така доминира комбинацијата на дрво и камен што дава топлина на внатрешноста, токму онака како што треба да биде кога станува збор за планинско сместување.

Дека се следени западните принципи на изградба и опремување на планински сместувачки простор, се приметува и по бројните модерни детали кои додаваат дополнителна вредност на сместувачкиот капацитет.

Најубав детал е каминот кој го надополнува планинското доживување, особено во зимскиот период кога околината е покриена од снежна обвивка.

Во дворот на вилата се наоѓаат бројни реквизити за најмладите па така ова место го прави идеално и за семејства со мали деца кои сакаат да избегаат од секојдневната гужва во градовите и да поминат квалитетно и неезаборавно време со своите деца кои пак ќе имааат ново доживување.

Идеално е и за групи на авантуристи кои сакаат повеќе адреналин, несебично создавајќи нови, возбудливи моменти за паметење.

Делчево за крај

За надополнувањето на планинското доживување се грижи и градот Делчево. Тука се наоѓаат бројни ресторани чија цена на храната и пијалоците е и за двојно пониска од онаа во Скопје. Вкусната храна се надополнува со жива музика која не е изоставен дел во викендите.

Делчево е идеално и за летниот период. Ако нѐ прашувате кој град во Македонија, освен оние сместени покрај трите природни езера, нуди најдобри услови за поминување на летниот период, тогаш дефинитивно тоа е Делчево. Најголема причина за тоа се трите базени и тоа: Градскиот базен кој минатата година беше целосно реновиран, базенот во рамките на Хотел Санрајс и базенот во Парк Панорама. Сите три се одлични, средени и чисти. Нудат одлична програма, особено за викендите.

Во близина на Делчево се наоѓа и манастирскиот комплекс, селото Разловци со Спомен домот АСНОМ, тука е и селото Град со тврдината Градиште.

За оние кои сакаат да поминат повеќе денови во овој крај тогаш во близина е и градот Пехчево со бројните водопади и природни убавини, Берово како и Македонска Каменица.

Благоевград од Делчево е одалечен на само 40 минути.

 

You Might Also Like

Детското одморалиште на Водно – наместо симбол, руиниран срам

Одморалиштето Голак нем споменик за едно убаво детство (ВИДЕО)

РЕПОРТАЖА: Споменикот на слободата во Кочани – споменик на континуираната борба на македонскиот народ

Скопје треба да учи од Ниш

Го губиме и Калиманско Езеро (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love2
Sad0
Happy1
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?