Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Репортажа

РЕПОРТАЖА: Споменикот на слободата во Кочани – споменик на континуираната борба на македонскиот народ

02.02.2025 00:05
ФОТО: Македонија Денес / www.makedonijadenes.mk
Сподели

Посетата на Кочани во јануари 2025 година ја искористивме и за посета на Споменикот на Слободата. До него може да се стигне од две страни и тоа од самиот центар на градот по тесни улички и од патот кој води кон Пониква каде улиците се малку пошироки. Споменикот се гледа од поголемиот дел од градот. Лоциран е на ридот Локубија и претставува голем комплекс од отворени ѕидни конструкции на кои се поставени мозаици изработени од страна на Глигор Чемерски. Изградбата на овој комплекс започнала во 1975 година, а завршила две години подоцна. Распотранет е на 335 м2 на која е овоковечена историската борба на македонскиот народ за слобода од Илинденскиот период па се до НОВ. Според други извори, овој споменик е подигнат 1981 година во чест од 40 годишниот јубилеј од НОБ.
Импресивноста на комплексот се надополнува со амфитеатарот и сцената кои може да се користат за најразлични настани, концерти, претстави… Оттука вредноста на овој споменик е уште поголема.

Contents
Сведок на македонската борбаРеконструкцијаСпоменикот на слободата денес (ВИДЕО)Споменик на слободата 1981▶ Случајно видео

Сведок на македонската борба

Споменикот практично е сведок на континуитетот на македонската борба за самостојност. Истиот ја прикажува борбата за самостојна македонска држава, борбата на македонскиот народ. Тој не е споменик само за Кочани и кочанчани, туку неговото значење е многу поголемо.

На 335 м2 мозаичен приказ е крунисана и овековечена историската борба на македонскиот народ за слобода од Илинденскиот период, па до НОВ. Доколку се прочита друга литература за овој споменик ќе се види дека во споменикот со пиетет се ставени имињата на загинатите борци во НОАВМ од Кочани и Кочанско. При нашата посета такво нешто не приметивме. Не успеавме да дознаеме и поради која причина.

Банер Банер BrandEcho
ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk

Реконструкција

По осамостојувањето на Македонија, споменикот бил препуштен на забот на времето и значително оштетен. Оштетувања биле направени и од несовесни граѓани кои откорнале дел од мозаикот или нанесувале графити на споменичната површина. Дел од оштетувањата биле поправени во 2004 година.

Во декември минатата година заврши реконструкцијата на споменикот вредна 250 илјади американски долари која вклучуваше конзервација, реставрација и санација на архитектурата и партерното уредување. Сепак, при посетата добивме впечаток дека реконструкцијата е парцијална односно дел од ѕидната конструкција воопшто не е офарбана во бела боја. Исто така потребно е партерно да се уреди просторот, а запуштени и натаму остануваат јавните тоалети кои се наоѓаат при самиот влез на комплексот.

Ad image
ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk

Како идеја, можеби е одлично доколку околу споменикот се постават неколку летниковци, а се изградат и спортски терени. Со тоа овој простор ќе се заживее и ќе биде атрактивен за посета од локалното населени.

Споменикот на слободата денес (ВИДЕО)

Видео од Споменикот на слободата снимано во јануари 2025 година.

Споменик на слободата 1981

Архивско видео од Споменикот на слободата снимано 1981 година.

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
NEW
Планирани прекини на електрична енергија
Приказ на планирани и непланирани прекини на електрична енергија
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Пет години од последниот воз за Кочани – железничката станица единствен спомен (ВИДЕО)

110 години од раѓањето на Смилевски – Бато – Спомен домот се распаѓа

Каменица како да не е македонска – чистота и уреденост како во Швајцарија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Срамно! Се распаѓа Спомен-домот во Разловци

Детското одморалиште во Љубанци личи на хорор-филм – руини, пустош и заборав од институциите!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Репортажа

Го губиме и Калиманско Езеро (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Репортажа

Детското одморалиште на Водно – наместо симбол, руиниран срам

Репортажа

Репортажа од Сремски Карловци: Град каде што историјата дише на секој чекор

Репортажа

Многу забава и вкусно јадење – викенд во Делчево чини колку ручек во Охрид

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?