Детското одморалиште на Водно – наместо симбол, руиниран срам

ФОТО: Македонија Денес / www.makedonijadenes.mk

Сместено во срцето на Водно, онаму каде шумата е најгуста, бетонската зграда, која некогаш требаше да биде детско одморалиште, веќе 43 години стои руинирана и напуштена.

Изградбата на ова монументално здание започнала во 1980 година откако неколку години претходно била донесена одлука за нејзина изградба. Намената позната: детско одморалиште каде ќе престојуваат деца како од Скопје така и од останатите делови на Македонија.

Всушност, ова одморалиште било дел од големиот план за изградба на одморалишта од каде се произлезени и одморалиштата на Голак, во Берово, во Крушево, Маврово… Заедничко за сите тие е што денес се препуштени на милост на времето и природата.

ФОТО: Македонија Денес / www.makedonijadenes.mk

Се наоѓа на 900 метри надморска височина и на околу 2 километри од врвот на Водно. Започнува да се гради во 1980 година, но две години подоцна стопирани се сите активности.

ФОТО: Македонија Денес / www.makedonijadenes.mk

Објектот е со приземје, мезанин, три ката и поткровје. Во моментов се наоѓа во состојба на карабина со воочливо квалитетна армирано-бетонска конструкција.

Во 2014 година тогашната Влада се обиде да го продаде одморалиштето, заедно со уште неколку други, но барањето на приватни инвеститори се покажа како тешка мисија.

ФОТО: Македонија Денес / www.makedonijadenes.mk

И по 43 години овој објект останува да сведочи на едно друго време, кога децата заземале централно место во социјалната политика на земјата.

ФОТО: Македонија Денес / www.makedonijadenes.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава