Земјотрес со јачина од 4,4 степени во Албанија, епицентарот во близина на Скадар

Тирана, 24 јануари 2025 (МИА) – Земјотрес со јачина од 4,4 степени попладнево е регистриран во северниот дел на Албанија, кој е почувствуван и во Црна Гора.

Епицентарот на потресот е на 14 километри јужно од Скадар и на 57 километри југоисточно од Подгорица на длабочина од 10 километри.

Според албанското Министерство за одбрана, земјотресот не предизвикал материјална штета, освен паника меѓу жителите.

Од Вера Тодоровска, Тирана/МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава