Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: 150 години од раѓањето на човекот кој живееше и умре за Македонија – Вечна слава на Димо Хаџи Димов
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » 150 години од раѓањето на човекот кој живееше и умре за Македонија – Вечна слава на Димо Хаџи Димов
Македониум

150 години од раѓањето на човекот кој живееше и умре за Македонија – Вечна слава на Димо Хаџи Димов

19.02.2025
Share
SHARE

Денеска се одбележуваат 150 години од раѓањето на Димо Хаџи Димов – македонски социјалист, учесник во македонското револуционерно движење, член на МРО, човек кој живееше и умре за Македонија.

Семејството на Хаџи Димов во 1879 година, бегајќи од турскиот аскер, се доселува во Дупница, Бугарија. Димо основно училиште завршува во Дупница, а во 1891 година се запишува во Педагошката гимназија во Ќустендил. Таму ќе потпадне под влијание на својот учител Ефрем Каранов кој ќе ја разгори неговата љубов кон помагање на сиромашните. Со завршување на училиштето (1895 година) ќе учителствува во Дупница преокупиран со социјалистичките идеи и ослободување на својот народ.

Во редовите на ТМОРО се вклучува во 1896 година. Се спријателува со Јане Сандански за кого, според кажувањето на Иван Харизанов, Димо Хаџи Димов претставува духовен учител, „кој како брат се грижеше за него“. Од 1901 година Хаџи Димов се вклучува поактивно во македонското ослободително движење. На забелешките во социјалистичките кругови дека движењето е буржоаско по својот карактер, Хаџи Димов возвраќа дека социјалистите треба да учествуваат во него за да го отстранат негативното влијание на буржоазијата и да го постават на здрави основи. Во судирот помеѓу Внатрешната организација и Врховниот комитет Хаџи Димов застанува категорично на страната на Внатрешната организација.

По Илинденското востание заедно со Јане Сандански и Ѓорче Петров застанува против врховистите. Се профилира како истакнат претставник на Серската група и на реформската струја во ВМОРО. Тој е еден од авторите на Директивата за идната дејност на Организацијата. Учествува во организацијата и уредувањето на органот на ВМОРО „Револуционерен лист“ од јуни 1905 година. На Рилскиот конгрес е избран и за уредник на овој весник.

Ad image

Македонија не ќе се ослободи со дипломатски средства, преку надворешна интервенција, ами преку револуција и по пат на самоослободување. Тајната дипломатија на империјалистичка Европа, искористувајќи ги великодржавните територијални аспирации на малите балкански држави, ги вовлекува нив во своите игри и ги држи во потчинетост и заостанатост. По националното ослободување, ќе дојде борбата за класно и социјално ослободување

Димо Хаџи Димов е убиен на 13 септември 1924 година од страна на Владо Черноземски во Софија. Најголемата причина за неговата ликвидација е неговата посветенност и борбеност за Македонија, наспроти врховистите и останатите предавници кои работеле се’ само за Македонија да не ја добие својата државност.

Во продолжение можете да ја погледнете документарната емисија на РТВ Скопје, премиерно емитувана на 14 мај 1984 година по повод 60 годишнината од смртта на Димо Хаџи Димов.

 

You Might Also Like

81 година од убистввото на Кузман Јосифовски – Питу

Говорот на Панко Брашнаров на АСНОМ

156 години од раѓањето на македонскиот национален херој – Петар Поп Арсов

72 година од смртта на Димитар Влахов

146 години Кресенско востание

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?