Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: 160 години од раѓањето на големиот Македонец Ѓорче Петров
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » 160 години од раѓањето на големиот Македонец Ѓорче Петров
Македониум

160 години од раѓањето на големиот Македонец Ѓорче Петров

02.04.2025
Share
SHARE

На денешен ден 1865 година во прилепското село Варош роден е Ѓорче Петров, македонски професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација.

Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип (1886-1887). Како учител во Скопје (1888–1891) соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија.

Бил професор во Битола (1891–1895) и во Егзархиската гимназија во Солун (1895–1897). Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско). Член на Централен комитет на МРО. Учествувал на Солунскиот конгрес (1896) и бил еден од составувачите на Уставот и на Правилникот на ТМОРО. Ја објавил книгата Материјали по изучувањето на Македонија (Софија, 1896).

Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија (1897–1901). Учествувал во уредувањето на револуционерниот хектографиран весник На оружје. Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес. На Рилскиот конгрес бил повторно избран за задграничен претставник на Организацијата во Софија.

Ad image

Го уредувал списанието Културно единство (Солун, 1908–1909). Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Сер, Битола и Драма. Член на Привременото претставништво на бившата ВМРО, противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција. Убиен по наредба на Тодор Александров.

… Благословена земја е Македонија со своите полиња и езера, особено со првите! Заградени со гори и планини, богато напојувани со реки и потоци од окружувачките им водести планини, тие полиња претставуваат места каде што се излеал сиот Божји благослов на земјата. Покриени со бујна, шарена растителност, тие се цветници многу пријатни за гледање, грижливо обработени од

густото и трудољубиво население тие се вистински градини! Јас сум уверен, дека и швајцарските полиња би позавиделе на некои од нејзините полиња за плодноста, красотата и нивната свежина

You Might Also Like

83 години од убиството на Орце Николов

Се сеќаваме на Петре Пирузе

Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

На денешен ден 1941 година починал Јосиф Михајловиќ Јурукоски – човекот кој го посвети животот на Скопје

Писмо од Никола Карев до Гоце Делчев

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?