Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Култура и наука

23 декември: Самостојна изложба на визуелниот уметник Иван Кал’чев – „Суисеки“

23.12.2025 07:34
Сподели

Денес, 23 декември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија ќе биде отворена самостојната изложба на гевгелискиот визуелен уметник, Иван Кал’чев, посветена на уметноста на суисеки- древна визуелна и духовна практика која ја слави природата во нејзината најчиста форма. Настанот е дел од програмата „Гевгелија град на културата 2025“ и претставува значаен културен настан кој ја збогатува локалната и националната уметничка сцена.

Изложбата ќе понуди 18 до 19 дела, изработени со внимателна комбинација на камен, дрво и песок, со димензии од 5 × 5 × 8 сантиметри до 30 × 20 × 20 сантиметри. Секоја композиција носи сопствена визуелна и симболичка нарација, овозможувајќи на посетителот простор за тивка контемплација и лично доживување.

Суисекито се темели на способноста на еден камен, земен директно од природата и презентиран без интервенции, да буди емоции, асоцијации или визуелни слики кои надминуваат неговата материјална форма. Потеклото на оваа уметност се врзува со кинеската традиција, а во Јапонија се развива уште во 6. век, паралелно со појавата на првите изложби на бонсаи во западниот свет.

Банер Банер BrandEcho

Камeњата, често наречени „камења за набљудување“, се поставуваат на внимателно изработени дрвени подлоги- Даиза, или во плитки керамички садови исполнети со песок. Даизата не е само носач, туку создава хармонија и рамнотежа помеѓу каменот и просторот. Камењата не се модифицираат, освен кога е неопходно нивната долна површина да се израмни за природно да „седнат“ во подлогата.

Уметноста на суисекито е повеќеслојна: од внимателното трагање по каменот, неговото чистење и подготовка, изработка на соодветна подлога, до долготрајното набљудување и размислување, често доживеано како форма на медитација. Камењата се пронаоѓаат во планини, потоци и на плажи низ светот, симболизирајќи планински венци, острови, водопади или пејзажи, блиски или далечни.

Преку суисекито, набљудувачот може да ја согледа историјата на каменот- патот што го поминал до својата сегашна форма- но и да замисли дел од неговата иднина. Како и бонсаито, оваа уметност нуди чувство на „природа во мало“, еден вид микро–макро космос, каде големината не ја одредува длабочината на доживувањето.

Покрај естетската вредност, суисекито е и алатка за себеспознавање, тивок дијалог со природата и симболичен начин да се почувствува огромната моќ и рамнотежа на универзумот.

Изложбата е организирана од ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и ветува незаборавно визуелно и духовно искуство за сите љубители на уметноста и природата.

Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Свечено затворање на 17. издание на Битфест

Изложба на јапонски кукли „НИНГЈО“ по повод 30 години дипломатски односи со Јапонија

„Баскерфест 2025“ се враќа: Уличната магија повторно ќе го оживее градскиот ритам

МОН објави конкурси за стипендии за постдипломски и докторски студии во државата

Промоција на книгата „Насекаде“ од епископ Дремвитски Давид

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Култура и наука

Продолжен рокот на конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024

Култура и наука

„Приказната за Силјан“ триумфира во Лос Анџелес – две награди на IDA Awards

Култура и наукаЛокално

23-24 август: Музика, уметност и природа на едно место

Култура и наука

Денес е Светски ден на учителот – Дали оваа професија е доволно вреднувана кај нас?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?