И додека Владата во Атина донесува декрети за забрана за влез во Грција на Македонци од Егејскиот дел на Македонија и на Македонци борци за човекови права со образложение “опасни по националната безбедност на Грција”, одродникот Никола Димитров се насладува на убавините на Јонското море со неговиот другар Никос Дендиас, министерот за одбрана на Грција.
Никола Димитров вели “имавме и сериозни муабети“, веројатно за Македонија…
Е, да, Никола Димитров не е опасен по националната безбедност на Грција. Никола Димитров беше и се’ уште е опасен по националната безденост на Македонија.
Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ е најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува. Во многу држави за ова се суди со казна доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на членовите на неговото семејство, во некои земји пресудата е смртна казна по кратка постапка.
Ама, се’ додека власта вели дека Спогодбата Димитров-Коѕиас, што не ја склучи надлежниот претседател на Републиката проф.д-р Ѓорге Иванов, кој патем не го потпиша ниту указот за прогласување на законот за нејзина ратификација, а собранискиот спикер и директорот на Јавното претпријатие “Службен весник на Република Македонија” ја објавија во “Службен весник на Републкика Македонија”, дотогаш Никола Димитров ќе шета слободно и уште ќе ја допродава државата Македонија.
Тоа се парадоксите на македонската демократија: Патриотите во затвор, дискредитирани и во изолација, а предавниците на слобода и во власта на државата!
Убиецот секогаш се враќа на местото на злосторството…
Ставовите, информациите и податоците наведени во колумната се на авторот. Македонија Денес не стои зад искажаните ставов, а ниту пак гаранитра за точноста на содржината.