Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Американска анализа: ЕУ во 2025 ќе биде политички нестабилна поради надворешни и внатрешни предизвици

31.01.2025 20:10
Сподели

Вашингтон, 30 јануари 2025 (МИА) – Европската Унија ќе се соочи со сериозна политичка нестабилност во 2025 година, предизвикана од големи внатрешни и надворешни фактори, оценува американскиот аналитички центар „Геополитикал Фјучрс“ (Geopolitical Futures – GF). Според анализата, нестабилноста во соседните региони, вклучително и Србија, ќе ги продлабочи поделбите внатре во Унијата, пренесува Бета.

Во извештајот се наведува дека односите меѓу ЕУ и новата американска администрација, изборите во повеќе земји-членки каде што се очекува засилено влијание на крајната десница, несогласувањата околу политиката за Украина, инфлацијата и буџетските кратења ќе бидат клучни фактори за политичката нестабилност во Унијата.

Анализата исто така посочува дека дополнителен фактор ќе биде состојбата во нестабилните соседни региони. Според „Геополитикал Фјучрс“, српските власти се обидуваат да го смират незадоволството на граѓаните поради жртвите од урнатиот железнички објект и широко распространетата политичка корупција.

Банер Банер BrandEcho

Истовремено, претстојните избори во Косово и Албанија носат зголемен ризик од етничка нетрпеливост и насилство, додека Молдавија се соочува со енергетска криза и зголемено руско влијание пред есенските избори. Како дополнителна закана за стабилноста на ЕУ се посочува и ситуацијата во Грузија, каде што проруската влада се соочува со масовни проевропски протести.

Дополнителни тензии за Европа носи и агресивната политика на Турција на Блискиот Исток, што доведува до судири со Франција и источномедитеранските земји.

Еден од најголемите предизвици за европското единство ќе биде новиот мигрантски бран, особено од Блискиот Исток, што може да ги продлабочи поделбите меѓу членките на Унијата, пренесува Бета.

Од Сања Костовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ЕУ одобри 20 милиони евра за модернизација на ПВО на Молдавија

Во Словенија во 2023 година регистриран најмал број новороденчиња во последните 102 години

На солунското пристаниште откриени речиси 58 килограми дрога

Ердоган: Турција нема да ја одобри соработката на НАТО со Израел

Косово станува придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Мелони: Тарифите на Трамп за Гренланд се погрешен потег

Балкан

Вучиќ ги шокира министрите: Време е да се разбудите!

Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја, рече Путин

Уапсен украински заменик министер за енергетика додека примал поткуп од 500.000 долари

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?