Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Анкета: Канаѓаните се повеќе ја поддржуваат ЕУ, но според Брисел – членство не е опција

14.03.2025 09:25
Сподели

Брисел, 13 март 2025 (МИА) – Европската Унија со внимание ги проследи резултатите од анкетата која покажа зголемен интерес на канадските граѓани за пристапување кон ЕУ, но нагласи дека тоа е невозможно.

Истражувањето на агенцијата Abacus Data, спроведено кон крајот на февруари, откри дека 44 отсто од испитаниците во Канада сметаат дека нивната земја треба да стане членка на ЕУ, додека 34 проценти се против.

Порталот „Политико“ објави дека резултатите ја изненадиле Европската комисија.
– Почестени сме од овие наоди. Тие покажуваат дека ЕУ е привлечна и дека многу Канаѓани ја почитуваат Унијата и нејзините вредности, изјави портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо.

Банер Банер BrandEcho

Сепак, таа потсети дека членот 49 од Договорот за ЕУ предвидува дека членство можат да бараат само европски земји.

Анкетата укажува на затоплување на односите меѓу Канада и ЕУ, при што 68 отсто од испитаниците имаат позитивно мислење за Унијата, додека само 34 проценти за САД.

Ова доаѓа во време кога актуелниот американски претседател Доналд Трамп повеќепати изрази став дека Канада би можела да стане 51. американска држава, а истовремено воведе нови трговски царини за одредени канадски производи.
Канадската министерка за надворешни работи, Мелани Жоли, најави дека ќе бара координација со Брисел за заеднички одговор на американските тарифи. – Ќе го покренам ова прашање на состаноците, заедно со европските партнери, со цел да извршиме притисок врз САД, изјави таа пред состанокот на Г7 во Канада.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Зимата на предизвиците: Како Украина ќе се справи со најтешките месеци?

Доларите од дијаспората спасуваат живот во БиХ

Невремето во Албанија предизвика прекин на сообраќајот

Обама предупредува за политичка нестабилност по убиството на Кирк

Бајден се враќа на предизборните активности следната недела

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Актерските ансамбли во Србија од понеделник во седумдневен штрајк, целосно се солидарни со студентите

Свет

Трамп тврди дека тој го затвора Ормускиот теснец, а не Иран

Свет

Нема надежи за средба меѓу Путин и Зеленски, вели германскиот канцелар

Балкан

Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?