Автомобил влета во група луѓе во Минхен, најмалку 15 повредени, возачот уапсен

Минхен, 13 февруари 2025 (МИА) – Најмалку 15 лица се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе во Минхен, соопшти полицијата.

Како што се наведува, околу 10:30 возач го забрзал својот автомобил и влетал во демонстранти во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“.

Возачот е уапсен и, како што наведува полицијата, не претставува опасност за околината.

Од Рената Пепељугоска/МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава