Баерн Минхен е на добар пат да постигне договор со напаѓачот на Челзи, Николас Џексон, според информации од германскиот медиум „Билд“. Баварскиот клуб активно бара нови засилувања во нападот, бидејќи моментално располагаат со ограничен број на опции. Раководството на Баерн изрази намера да се фокусира на играчи на заем, а не на постојани трансфери.
Челзи, од друга страна, е подготвен да се раздели со 24-годишниот сенегалски напаѓач, кој во моментов не е во плановите на тренерот и стана вишок на „Стенфорд Бриџ“. Сепак, не е сигурно дали Челзи ќе се согласи да го пушти Џексон само на заем, а дополнителни преговори ќе бидат потребни за да се постигне договор помеѓу клубовите.
Исто така, за Џексон има интерес и од други клубови, како што се Њукасл и Астон Вила. Напаѓачот премина во Челзи од Виљареал во 2023 година за 32 милиони фунти, но не успеа да се наметне како редовен член на тимот.


