Бројот на загинати во израелските напади во Газа достигна 220

Газа, 18 март 2025 (МИА) – Според Цивилната заштита во Газа, најмалку 220 лица загинале во израелските воздушни напади во текот на ноќта.

Меѓу загинатите се жени, деца и повозрасни лица, изјави портпаролот на организацијата Махмуд Басал. Во болниците во Кан Јунис биле донесени 103 тела, во градот Газа 70, а останатите жртви биле регистрирани низ различни области во палестинската енклава.

Израелската армија соопшти дека нападите ќе продолжат и дека не се ограничени само на воздушни удари, што може да значи и обновување на копнената офанзива.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава