Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Двајца лекари и „кралицата на кетаминот“ меѓу обвинетите за предозирање на холивудскиот актер Метју Пери
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Двајца лекари и „кралицата на кетаминот“ меѓу обвинетите за предозирање на холивудскиот актер Метју Пери
Showbiz

Двајца лекари и „кралицата на кетаминот“ меѓу обвинетите за предозирање на холивудскиот актер Метју Пери

16.08.2024
Share
SHARE

Вашингтон, 16 август 2024 (МИА) – Пет лица, вклучувајќи личен асистент и двајца доктори, се обвинети во врска со смртта на Метју Пери во како што обвинителите опишаа, „широка подземна криминална мрежа“ да ја обезбедуваат ѕвездата од популарниот ТВ серијал „Пријатели“ да прима силен хируршки анестетик, што е причината за неговата смрт.

Докторите ја искористиле историјата на зависност на Пери во последните месеци од неговиот живот минатата година за да му обезбедат кетамин во количини кои знаеле дека се опасни и за нивна лична парична корист, изјави синоќа американскиот обвинител Мартин Естрада објавувајќи ги тужбите.

-Знаеле дека она што го прават е погрешно. Знаеле дека она што го прават е голем ризик за господинот Пери. Но, сепак го направиле тоа, рече Естрада.

Еден доктор дури напишал во порака, „Се прашувам колку ќе плати овој морон“ и „Да видиме,“ се дознава од обвинителниот акт откриен во четвртокот.

Кога актерот починал, еден од лекарите напишал „избриши ги сите пораки“. Иако избришани, експертизата успеала да ги најде овие пораки на серверите на провајдерите.

Пери почина лани во октомври поради предозирање со кетамин и обвинителите рекоа дека неговиот личен асистент му донел неколку инјекции на денот кога починал.

Асистентот Кенет Ивамаса, кој го пронашол Пери мртов подоцна тој ден, е првиот што разговарал со истражителите. Останатите обвинети се докторите Салвадор Пласенција и Марк Чавез, како и познаникот на Пери, Ерик Флеминг и Џасвин Санга, позната во Холивид како „кралица на кетаминот“.

Од Борис Камчев/МИА

You Might Also Like

Добротворната Фондација „Фајрворк“ на Кејти Пери – успешна приказна

Мадона работи на филм за својот живот

Книга на актерката Џулијана Мур забранета од Пентагон

Бен Афлек и Џенифер Лопез ги подготвиле документите за развод

Фифти Сент ќе бара самостојно старателство над синот

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?