Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Автомобилизам

Hyundai ги затвори вратите во Русија: Две фабрики остануваат без сопственик

09.02.2026 17:04
Сподели

На последниот ден од јануари, Hyundai официјално остана без своите фабрики во Русија. Јужнокорејскиот производител на автомобили не ја искористи опцијата за откуп на своите погонски единици во Санкт Петербург и околината. Уште во декември минатата година, помалку од два месеца пред истекот на рокот, Hyundai објави дека во актуелната ситуација не може да ги откупи своите фабрики. Компанијата нагласи дека на одлуката влијаела геополитичката ситуација, при што економските санкции ги отежнуваат плаќањата и ги нарушуваат синџирите на снабдување.

Двете фабрики во вториот најголем руски град остануваат во сопственост на локалната холдинг компанија AGR. По повлекувањето на Hyundai од Русија, фабриката Hyundai Motor Manufacturing Rus во Санкт Петербург беше продадена на AGR за симболични 10.000 рубљи (110 евра) на почетокот на 2024 година. Во исто време, AGR ја презеде и блиската производствена единица во Шушари, која претходно ја купи од General Motors.

Условите на договорот помеѓу Hyundai и AGR вклучуваа опција за откуп која важеше две години и истече на 31 јануари 2026 година. Иако според некои проценки во Русија инвестирал 500 милиони долари и уживал статус на најголем странски производител на автомобили, Hyundai се откажа од официјалното враќање поради страв од секундарни санкции. Производителот нагласи дека ќе продолжи да обезбедува гаранциски поправки и постпродажни услуги за руските сопственици на возила марка Hyundai и Kia.

Ad image

Сепак, Hyundai и Kia се сè уште присутни во Русија, а производството во Санкт Петербург продолжува!? Двата бренда развија синџир на снабдување на делови во Русија преку претоварни точки во Казахстан и Кина. Се претпоставува дека компоненти за составување на моделите Hyundai Solaris, Hyundai Creta, Kia Rio и Kia Rio X-Line, кои се продаваат под брендоот Solaris, доаѓаат од овие две земји. Во ноември, Solaris HC (преименуваниот кросовер Hyundai Creta) влезе меѓу петте најпродавани кросовери на руското пазариште.

Банер Банер BrandEcho

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Дизелот поевтинува, ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста

Кина: Нови модели автомобили на секои четири дена!

Внимавајте на ова! Најчестиот трик на продавачите на половни автомобили

Објавена листата на кандидати за Златно Тркало 2025

Крај на ерата на рачните менувачи?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Автомобилизам

AutoBild со најава на новата Alfa Romeo Giulia

Трамп воведува нови мерки за автомобилската индустрија

Автомобилизам

Овој автомобил се полни за 9 минути – побрзо од пауза за кафе. Дали батериите конечно го победија бензинот?

Автомобилизам

Toyota ја напушти Subaru: Нова соработка со Mazda

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?