Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: Ацковски: Ќе се борам за Скопје кое ќе биде функционален, чист и почитуван град
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » Ацковски: Ќе се борам за Скопје кое ќе биде функционален, чист и почитуван град
Интервју

Ацковски: Ќе се борам за Скопје кое ќе биде функционален, чист и почитуван град

14.10.2025
Share
SHARE

Интервју со Стефан Ацковски, носител на советничката листа за Град Скопје од редовите на политичката партија Родина.

1. Господине Ацковски лоја е вашата лична мотивација да бидете советник — што ве тера да се ангажирате во градската политика и што сакате да оставите зад себе како резултат?

СА: Откако започнав да ги анализирам политичките процеси и се она што се случува во Македонија и кога за прв пат увидов дека нешто не е во ред со тоа како функционира системот во Македонија, добив желба да почнам да делувам за промена. Многу долго време Македонија и Скопје како главен град се спуштени на колена од сите досегашни власти, без разлика дали тие биле на централно или на локално ниво. Младите се оттурнати од општествено-политичкиот живот, целосно игнорирани во носењето на одлуките во системот, кој очигледно тоа го прави намерно, зашто знае дека новата генерација на Македонци ги сфаќа проблемите во целост и има желба и вистински да ги реши. Но, на тие што го сочинуваат системот ова не им одговара, зашто со решавање на пролемите, им се скратуваат шансите и опциите да продолжат со лично богатење на сметка на народот. Главната мотивација за да се кандидирам е токму ова. Време е да се започне процес во кој младите ќе ги преземаат работите во свои раце, зашто само тие најдобро знаат како да ги решат проблемите. Во текот на мојот мандат ќе се залагам да се започнат процестите со кои полека ќе се испраќа стариот систем во историјата, а ќе биде заменет со нов, предводен од новата генерација, од чиј дел сум и јас.

2. Која е вашата визија за развој на Град Скопје во следните четири години, особено во делот на сообраќајот и јавниот превоз?

СА: Скопје има големи предиспозиции да биде град од кој ќе се воодушевува целиот свет. Историјата на градот, локалитетите кои се околу него и во него, но и самите Скопјани се добитната комбинација за ова и да се оствари. Што се однесува до јавниот превоз и сообраќајот, на сите ни е јасно што значи да си заглавен во една гужва во градот. Еден од најголемите проблеми во сообраќајот е тоа што самиот град е пренаселен, улиците и булеварите не се предвидени за толку моторни возила. Важно е во иднина да се прават реални проценки за тоа колку има автомобили во градот како и за тоа колку ќе дојдат нови во иднина, за да можеме соодветно да ги припремиме патиштата за толку многу возила. Дивеењето низ улиците низ градот земаат животи. Важно е во соработка со Министерството за внатрешни работи да има се поголема контрола низ улиците. Исто така важно е да се детектриаат сите ризични локации низ градот, како на пример раскрницата кај Собранието на Македонија, каде редовно се случуваат сообраќајни незгоди. Јавниот превоз мора да биде основно превозно средство на повеќето Скопјани. Така, ќе се решат повеќе проблеми, меѓу кои се и намалување на загадувањето на воздухот и сообраќајниот метеж. Но, за тоа да биде така мора да се решат проблемите во ЈСП, каде сите вработени, посебно возачите ќе имаат редовна плата, а автобусите редовно ќе се сервисираат. Во Советот ќе се залагам за изграба на трамвај, кој многу ќе подобри поврзаноста на градот, како и брзината на патување.

3. Кои се, според вас, трите најгорливи проблеми на скопјани и како би ги адресирале преку советничката функција?

СА: Скопје има многу проблеми и навистина е тешко да се издвои кој од нив е најголем, но доколку ги земеме трите за кои најмногу се дискутира во јавноста, дефинитивно би биле загадувањето на воздухот, сметот низ градот, како и сообраќајниот хаос. За сообраќајот веќе зборувавме во претходното прашање. Што се однесува до воздухот, важно да се утврди од каде навистина доаѓа загадувањето. Лично сметам дека вистинското загадување не произглегува од возилата и со тоа дека дел од граѓаните се греат на дрва или пелети. Секако дека и тие имаат свој удел во сето ова, но верувам дека постои многу поголем и посериозен проблем од тоа. Имено, постојат тврдења дека во Македонија, посебно во Скопје, се согорува опасен отпад кој се носи од Европската Унија, иако ова го негираат од властите. Ова е голем бизнис, од кој треба да се утврди дали се вмешани градските, но и централните власти. Во советот ќе се борам ова да излезе на виделина и конечно да стане јасно од каде извира загадувањето, зашто само така можеме да го решиме. Загадувањето на воздухот зема животи, а свесното загадување на воздухот преку согорување на опасен отпад, поради прибавување материјални средства е сериозно кривично дело. Ѓубрето низ градот е исто така сериозен проблем. Имаме ситуација во која гледаме како претпријатието кое основна задача му е да го собира истото, тоа не го прави. Чистотата на главниот град мора да биде на највисоко можно ниво, зашто тоа е лицето на Македонија преку кое не препознава светот. Мора да се бара одговорност кај раководните структури на ЈП Комунална хигиена. По ова прашање, ќе се борам да се остранат раководителите кои не си ја извршуваат работата и да се назначат нови кои ќе работат совесно.

4. Каков е вашиот став за урбанизмот во Скопје — особено за преголемата бетонизација, уништување на зелените површини и недостигот од јавен простор?

СА: За секој град е природно да се шири, но кога тоа се прави без план и без визија настанува хаос. Скопје е град кој е окупиран од градежната мафија. Должноста на Советот е да се бори против неа, но досега гледавме како истиот тој е и соучесник во бездушното бетонизирање на Скопје. Државата мора да застане во одбрана на јавниот простор. Доколку тоа не се случи во што поскоро време, ќе бидеме сведоци на тоа да не можеме да видиме никаква зелена површина во градот. Градот мора да започне да се надополнува во широчина, не да оди во височина. Така и самиот град ќе се растерети од гужви и хаос, но и ќе добиеме нов и поголем јавен простор.

5. Што ќе им препорачате на Скопјани во пресрет на изборите следната недела?

СА: Изборите се момент во кој одлучуваме како ќе се движи нашето општество во следните четири години. Досега сме имале многу изборни циклуси, но скоро никогаш не сме виделе суштинска промена во политиките. Време е Скопјани да го добијат тоа што го бараат 35 години, а тоа е функционален, чист и почитуван град. За жал увидовме дека досегашните политички гарнитури од потрошените партии тоа не можат да го дадат и време е конечно да започенеме да ги испраќаме во историјата, а да донесеме нови луѓе кои знаат како да работат во интерес на граѓаните.

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?