Италија со нов пакет воена помош за Украина

Рим, 16 декември 2024 (МИА) – Владата на Италија одобри нов, десетти по ред пакет воена помош за Украина. Како и претходно списокот на материјали и опрема што ќе бидат испратени во Украина е доверлив.

Шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани истакна дека Рим го поддржува Киев „во целосната посветеност на праведен мир, што не може да значи предавање на Украина“.

Тој најави и дека во тек се подготовките за втората мировна конференција на која ќе учествува и Русија, како и Кина, Индија и Бразил.

Од Марина Илиевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава