Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Фудбал

Капинковски: Никој не влегува како фаворит во Струмица

18.08.2025 13:59
Сподели

Со дерби натпреварот меѓу Вардар и Пелистер беше отворена новата сезона во Прва МФЛ, но битолчани потклекнаа на Националната арена во Скопје, иако одиграа рамноправно прво полувреме.

Невниманието на одбраната во судиското надополнување од првиот дел му донесе водство на Вардар, а на стартот од вториот дел, Роџерс Мато ја допре топката само колку да го смени нејзиниот правец, па Андреј Јовчевски повторно капитулираше.

„Резултатите од првото коло покажаа дека екипите кои играле во евро куповите се во извесна предност поради порано започнатите подготовки и подигнатата играчка форма. Вардар е една од нив и благодарение на тоа имаше поуспешна реализација, која се случи во критични моменти како судиско надополнување во првото полувреме и старт на вториот дел. Ние не ги искористивме нашите шанси, немавме завршница во транзициите, во спротивно можевме да му дадеме друг тек на дербито, кое мислам дека не ја разочара публиката“, вели тренерот на битолскиот клуб, Димитар Капинковски.

Банер

Според стратегот на битолчани и нивниот иден противник АП Брера имаше сличен натпревар како нивниот, каде што по изедначен старт, Силекс успеа да ја демолира струмичката екипа. За разлика од нив, Брера сега ќе биде домаќин, а Пелистер по втор пат ќе игра на гостински терен.

„Ждрепката сакаше во првите четири натпревари три пати да играме како гости. Брера исто како нас имаше дуел во кој играше со противник што отскокнува со својата форма, па резултатот сигурно не е одраз на вистинскиот капацитет на струмичани. Тие беа рамноправен противник се до моментот кога останаа без еден играч, а потоа паднаа во финишот. Мислам дека никој не влегува во овој натпревар како фаворит, па мечот може да биде решен од играч што ќе има свој ден или онаа екипа што ќе има повеќе среќа во реализацијата. Ние ќе пристапиме нормално, како кон секој друг натпревар. Нашата екипа е во создавање, но целта ни е што поскоро да влеземе во играчка форма и да се надигруваме, да освојуваме бодови. Очекувам позитивни резултати што поскоро, па со нетрпение ги исчекуваме и овој натпревар со Брера, но и следниот што ќе го играме под рефлектори на домашен терен со Шкупи“.

Мечот меѓу АП Брера и Пелистер е на програмата в понеделник од 17 часот, а резултатот се очекува да биде недвосмислен показател за тоа кој од двата тима може да фати приклучок кон горниот дел од табелата, а кој ќе биде препуштен на борбата за опстанок.

Извор/Фото:www.ffm.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Роналдо не се согласува: Меси не е подобар од него

Официјални лица – Куп на Македонија 1/16 финале

Напаѓачот на Јувентус на пат за Милан!

Флуминенсе го освои јужноамериканскиот Суперкуп

Кристијано Роналдо: Првиот фудбалер милијардер во историјата!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Фудбал

Пелистер по седум години славеше на гости против Брера

Фудбал

Работнички и Македонија ЃП имаа шанси, но не постигнаа гол, па поделија по бод

Фудбал

Николче Новески станува дел од тимот на ФФМ

Фудбал

Македонија до 19 години втор пат ја победи Босна и Херцеговина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?