Кина издаде предупредување за туристите во САД

Пекинг, 9 април 2025 (МИА) – Кина издаде предупредување за ризик за сите патници кои се упатуваат кон САД.

Министерството за култура и туризам соопшти дека сака да ги потсети кинеските туристи да ги проценат ризиците при патувањето во САД и да патуваат со претпазливост.

Во него се наведува „влошувањето на кинеско-американските економски и трговски односи и домашната безбедносна ситуација во САД“.

Од Марија Спасовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава