Кинескиот производител Great Wall Motor (GWM) се приклучи на списокот на марки кои нудат поевтини автомобили во Европа, како што се Dacia, Citroën и KGM на германскиот пазар. Нивниот модел GWM Haval Jolion Pro е достапен по цена под 25.000 евра.
GWM Haval Jolion Pro е SUV во C-сегментот, со должина од речиси 450 см, што го прави класичен компактен SUV. Цената на ова возило започнува од 24.990 евра, што го поставува во конкуренција со модели како Kia Sportage, но по цена блиска до малите SUV-ови, пишува Revija HAK.
Овој модел не нуди основен бензински мотор со рачен менувач, туку доаѓа со 1,5-литарски турбобензински мотор кој развива 130 kW (177 KS) и 270 Nm вртежен момент. Максималната брзина е 190 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h трае само 7,9 секунди. Стандардно, погонскиот систем е поврзан со 7-степен менувач со двојно квачилo (DCT).
Во основната опрема, Haval Jolion Pro вклучува 17-инчни алуминиумски тркала, 10,25-инчен мултимедијален систем, Apple CarPlay и безжичен Android Auto, греење на седиштата и дигитален кокпит. Кинеските производители стануваат сериозна конкуренција за сите, вклучувајќи ги и брендови како MG и Omoda, па дури и за досега недопирливата Dacia. За сега, GWM е присутен во 19 европски држави.


