Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Кога љубовта кон фолклорот станува животна определба: Младиот Кристијан од Делчево е вистински чувар на традицијата
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Кога љубовта кон фолклорот станува животна определба: Младиот Кристијан од Делчево е вистински чувар на традицијата
Интервју

Кога љубовта кон фолклорот станува животна определба: Младиот Кристијан од Делчево е вистински чувар на традицијата

08.05.2025
Share
SHARE

Кристијан Трајановски е млад и перспективен културен работник од Делчево, кој со голема посветеност и ентузијазам ја врши функцијата раководител на фолклорната група при Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево. И покрај својата младост, Кристијан веќе се наметнува како значајна личност во зачувувањето и афирмацијата на македонското фолклорно богатство на локално и национално ниво. Неговата љубов кон фолклорот започнува уште од најрана возраст, како активен член на фолклорната група, каде ги совладал основите на традиционалното оро, песна и обичајната култура. Со текот на годините, тој се развива не само како изведувач, туку и како организатор и педагог, со исклучително чувство за автентичност и уметничка изведба. Неговото знаење, комбинирано со современ пристап, го прави мост меѓу традицијата и новите генерации.

Под негово раководство, фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ бележи видлив напредок – се зголемува бројот на активни членови, се обновува репертоарот со автентични ора и песни од Пијанец и пошироко, а групата активно настапува на манифестации, фестивали и настани низ целата држава. Особено значајна е неговата посветеност на работа со младите, на кои им го пренесува духот на традицијата и ги мотивира да станат носители на културното наследство. Кристијан Трајановски е пример за тоа како еден млад човек со љубов, знаење и упорност може да направи разлика во зачувувањето на нематеријалното културно наследство. Неговата визија и труд претставуваат важен двигател во развојот на фолклорот во Делчево и регионот.

 

1. Кога започна твојата љубов кон фолклорот?

К.Т. Мојата љубов кон фолклорот започна од најрана возраст. Првпат се запознав со народните игри како дете, на еден локален настан, и веднаш ме маѓепса таа енергија, музика и убавината на традицијата. Од тогаш фолклорот стана дел од мојот живот не само како хоби туку како животна определба.

2. Која е твојата улога како соработник за фолклор и сценско уметничка дејност при НУЦК,, Никола Јонков Вапцаров“ Делчево ?

К.Т. Мојата основна улога е работа со Фолклорните групи- од подготовка и водство на проби, до креирање и адаптација на кореографии. Вклучен сум во организација на настани, настапи и негување на традиционалните вредности кај новите генерации. Секој ден ми е исполнет со нови предизвици, но и со многу љубов кон тоа што го правам.

3. Како изгледа еден твој работен ден? Со колку групи работите и дали е напорно?

К.Т. Работниот ден ми е динамичен – проби со деца, младинци со возрасната група. Работам со седум групи од различни возрасти и категории и секоја има свој пристап и енергија. Да знае да биде напорно особено пред настап, но задоволството кога ќе видиш некој како се развива и засака фолклорот- тоа нема цена.

4. Има ли интерес кај младите за народни танци?

К.Т. Во Делчево има интерес, особено кога ќе им се прикаже фолклорот на жив, автентичен и забавен начин. Секако времето се менува пред 20 години имало поголема почит кон традицијата, но денес младите се поотворени за нови начини на изразување. Затоа мораме да најдеме баланс помеѓу автентичноста и современиот пристап.

5. Соработувате ли со други фолклорни групи од земјава и странство?

К.Т. Да редовно соработуваме со фолклорни друштва и во Македонија и во странство- преку фестивали, размена на искуства и заеднички настапи. Таа соработка ни дава нови перспективи и не поврзува со култури кои, иако различни, имаат слична вредност-љубов кон традицијата.

6. Дали доволно се грижиме за фолклорот?

К.Т. Мислам дека има уште многу простор за подобрување. За да го зачуваме фолклорот потребна е системска поддршка-во образование, културните институции, медиумите.Но секој од нас треба да вложи-со работа, ентузијазам и посветеност.Ние сме тие што треба да го пренесеме на следните генерации. И еден апел доколку навистина ја чувствате љубовта кон традицијата, сакаш правилно да го пренесеш наешто богато културно наследство и сериозно да се посветиш на фолклорот- тогаш вистинскиот чекор е да се запишеш на Музичка академија – насока Етнокореологија.Ова не е само студиска програма, туку пат кон продлабоченото разбирање на народните игри,носии, музика и севкупната етнокултура.Професионалната едукација овозможува да се работи со знаење, почит и автентичности-нешто што е неопходно ако сакаме да го зачуваме фолклорот на вистински начин.

7. Се соочувате ли со некакви проблеми? ДАли имате поддршка од институциите?

К.Т. Како секоја културна организација, се соочуваме со предизвици-финансиски,логистички понекогаш и со недоволна поддршка. Но има институции што препознаваат вредноста на фолклорот и даваат поддршка. Сепак, потребно е таа поддршка да биде поорганизирана и долгорочна.

8. Раскажи ни за кореографиите – тешко ли е да се совладаат?

К.Т. Секоја кореографија има своја тежина.За некои се потребни денови, за други недели – зависи од сложеноста и од подготвеноста на групата. Но наважно е желбата и дисциплината. Кога постои љубов кон танцот, и најтешките чекори стануваат лесни.

9. Малку за носиите- од каде ги набавувате, дали се изработуваат рачно?

К.Т. Носиите ги набавуваме од занаетчии, или на терен. Стремиме да бидат автентични и верни на изворните модели.Тоа бара време но токму носиите ја раскажуваат приказната на еден народ – и заслужуваат посебна грижа.

10. Што претставува фолклорот за тебе?

К.Т. Фолклорот за мене е животна инспирација. Тоа е врската меѓу минатото и иднината, нешто што не обединува, не учи и не потсетува кои сме. Фолклорот не е само уметност – туку душа на еден народ.

Н.Заовска

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?