Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Балкан

Компанијата Старлинк е подготвена да влезе и на пазарот во БиХ

26.04.2025 00:20
Сподели

Вашингтон, 24 април 2025 (МИА) – Американската компанија за обезбедување на интернет услуги Старлинк е подготвена да влезе и на пазарот во Босна и Херцеговина, потврди денеска министерот за транспорт и врски на таа земја, Един Форто, по средбата со претставници на компанијата одржана во САД.

Форто доби потврда за плановите за проширување на Старлинк на Балканот за време на состанокот со Ребека Хантер, директорката на Старлинк за нов влез на пазарот, и со Пракул Капур, менаџер на компанијата.

Беше истакнат взаемен интерес за што поскоро обезбедување на услугите на Старлинк или нивниот сателитски интернет во Босна и Херцеговина“, се вели во изјавата на Форта за медиумите, објаснувајќи дека тоа ќе следи откако ќе се исполнат законските услови.

Банер Банер BrandEcho

Властите на БиХ, исто така, имаат намера да ја прошират соработката со Старлинк во областите на е-влада, подобрување на здравствените услуги и развој на систем за брз одговор во случај на природни катастрофи.

Не беше наведен временскиот рок до кој БиХ би добивала сателитски интернет услуги, а пред тоа Старлинк мора да добие одобрение од Регулаторната агенција за комуникации на БиХ.

Компанијата предводена од мултимилијардерот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, со својата сателитска интернет мрежа ги покрива сите земји од Југоисточна Европа, освен Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, откако нивната услуга стана достапна за жителите на Косово на крајот на 2024 година.

Од Рената Пепељугоска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кинески конзорциум доби договор за изградба на автопат во Црна Гора

Референдум во Република Српска: Граѓаните ќе одлучуваат за мандатот на Додик

Владата на ФБиХ инвестира 5,3 милиони КМ во развој на туризмот

Драматичен одлив на Турци од Црна Гора: Бројот достигна речиси 9000

Хорор во Осиек: Сопруг ја распарчил сопругата и ја фрлил во септичка јама

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Вучиќ ја покани Бугарија на Експо, предупреди за сложената безбедносна средина на Балканот

Балкан

Хрватска осигурителна индустрија бележи значителен раст во 2025 година

Балкан

Синоќешните протести во Србија ескалираа: Повредени шест полицајци, 38 приведени

Балкан

Вучиќ: Србија, БиХ и Македонија можеби ќе се приклучат на ЕУ заедно со Украина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?