Lancia со тизер видео ја најави HF верзијата на Ypsilon

Откако минатиот месец конечно ја објави новата генерација на Ypsilon, Lancia сега, со тизер видео го најави доаѓањето на спортската, HF верзија на Ypsilon.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, оваа верзија која со нетрпение ја очекуваат вљубениците во овој бренд, ќе пристигне следната година и ќе биде 100% електрична. Потврдено е дека автомобилот ќе располага со 177 kW односно 240 КС што ќе биде доволно за забрзување до стотка за 5 секунди.

На тизер видеото прикажано во продолжение, се наоѓа и логото кое е инспирирано од историското лого од 1960 година, со црвено слонче над HF логотипот.

TAGGED:
Сподели ја оваа објава