Вилијам Стојановски денеска ја претстави својата најнова песна насловена како „Љубов без крај“, со која уште еднаш го потврдува својот талент и чувствителност кон емоциите што ги пренесува преку музиката.
Како автор на текстот се јавува самиот тој заедно со Олгица Стоилкова. Аранжманот е дело на Дејан Георгиевски – Ѕене. Свои улоги како гиарист и придружен вокалист имаат и Горан Алич и Елена Ѓеоргиевска.
Видеото за „Љубов без крај“ е во режија на Бојан Василев, кој умешно ја доловува приказната зад песната преку визуелно впечатлива и емотивна интерпретација.
Со мелодичност, искрени стихови и современ аранжман, „Љубов без крај“ има потенцијал да стане вистински хит, кој ќе ја освои македонската публика и пошироко.



