Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Музика и филм

Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар

02.03.2025 20:55
Сподели

Лос Анџелес, 2 март 2025 (МИА) – Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес доцна вечер ќе почне 97. церемонија на доделување на наградите Оскар на Академијата за филмски уметности и науки. Меѓу фаворитите се филмовите „Емилија Перез“, „Бруталист“, „Конклава“.

Филмот на Жак Одијар „Емилија Перез“ доби најмногу, 13 номинации за Оскар. Таа музичка одисеја за промената на полот на мексикански трговец со дрога кој станува жена доби најмногу номинации, пред „Бруталист“, приказна за животот на еден еврејски имигрант и мјузиклот „Wicked“ кои добија по десет номинации.

Биографскиот филм за Боб Дилан „Целосно странец“ и трилерот за Ватикан, „Конклава“ добија по осум номинации.

Ad image

Филмот „Емилија Перез“, со 13 номинации за Оскар и награда на Канскиот филмски фестивал, стана остварување надвор од неанглиското говорно подрачје со најмногу номинации во историјата на наградите на Академијата за филмски уметности и науки.

Банер Банер BrandEcho

Пет номинации за Оскар доби уште еден француски филм, „Супстанца“ во режија на Корали Фаргеат, во кој Деми Мур игра поранешна холивудска ѕвезда зависна од серум за подмладување. Тој филм меѓу другото беше номиниран во категориите најдобар филм, најдобар режисер и најдобра актерка.

На церемонијата оваа година ќе им биде оддадена почит на пожарникарите поради големите пожари што го зафатија Лос Анџелес во јануари и поради тоа номинациите за Оскар беа објавени на интернет и два пати беа одложувани.

Оваа година, нова карактеристика ќе биде тоа што оскаровците нема да држат говори подолги од 45 секунди.

Церемонијата, како и секоја година, ќе ја пренесува американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си, додека водител на церемонијата за прв пат ќе биде комичарот Конан О’Брајан.

Минатогодишниот голем победник беше филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, кој освои седум Оскари, меѓу кои за најдобра режија, најдобра машка улога и споредна машка улога.

Од Рената Пепељугоска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
NEW
Планирани прекини на електрична енергија
Приказ на планирани и непланирани прекини на електрична енергија
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Базел ќе биде домаќин на Евровизија во 2025 година

Џејмс Блант: „You’re Beautiful“ не е никаква романтична песна

(ВИДЕО) Тоше Проески и Халид Бешлиќ во заедничко телевизиско гостување – момент за паметење со изведбата на „Први пољубац“

Во сеќавање на Драган Ѓаконовски-Шпато

Концерт на Синтезис за 30-годишниот јубилеј

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Музика и филм

Жељко Самарџиќ на Античкиот театар: Вечер што Охрид ќе ја памети

Музика и филм

Одложени номинациите за наградата „Оскар“

Музика и филм

Почнува петтиот Галичник Филм Фестивал

Музика и филм

Најавена преработка на „Пирати од Карибите“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?