Македонија и Бугарија го отвораат ЕвроВолеј2026

Машката репрезентација на Македонија и домаќинот Бугарија на 9 септември, во 19 часот, во рамките од групата А во Софија ќе го отворат Европското првенство 2026. Европската одбојкарска конфедерација го објави комплетниот распоред за ЕвроВолеј 2026.

Според распоредот Македонија на 10 септември ќе биде слободна, а потоа на 11 септември, во 16 часот, во второто коло од групата ќе се соочи со Украина. Повторно имаат нашите одбојкари слободен ден, додека дуелот од третото коло против Полска го играме во 19 часот, на 13 септември. На 14 септември Македонија има ден за одмор, а потоа на 15 септември ќе ги измери силите со Португалија (16 часот), додека ден подоцна, во истиот термин ќе игра со Израел, меч со кој ќе ја заокружи групната фаза.

Најдобрите четири екипи од четирите групи на ЕвроВолеј ќе обезбедат пласман во осминафиналето.

За машкиот национален тим ова е четврто учество на еден континентален собир во низа.

ЕвроВолеј 2026 ќе се игра од 9 до 26 септември следната година, а организатори се Италија, Бугарија, Финска и Романија.

ЕВРОВОЛЕЈ 2026

РАСПОРЕД ГРУПНА ФАЗА

ГРУПА А – Софија:

09.09.2026

БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА    19:00ч.

10.09.2026

ПОЛСКА – ПОРТУГАЛИЈА      16:00ч.

ИЗРАЕЛ – УКРАИНА   19:00ч.

11.09.2026

УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА    16:00ч.

ПОРТУГАЛИЈА – БУГАРИЈА   19:00ч.

12.09.2026

ПОЛСКА – ИЗРАЕЛ     16:00ч.

БУГАРИЈА – УКРАИНА           19:00ч.

13.09.2026

ПОРТУГАЛИЈА – ИЗРАЕЛ       16:00ч.

МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА      19:00ч.

14.09.2026

УКРАИНА – ПОРТУГАЛИЈА    16:00ч.

БУГАРИЈА – ИЗРАЕЛ  19:00ч.

15.09.2026

МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА         16:00ч.

ПОЛСКА – УКРАИНА  19:00ч.

16.09.2026

ИЗРАЕЛ – МАКЕДОНИЈА       16:00ч.

ПОЛСКА – ПОРТУГАЛИЈА      19:00ч.

Извор:vfmkd.org.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава