Најдоски го подигна победничкиот пехар, а Панчев постигна третиот гол – 33 години од победата на Црвена Ѕвезда над Коло Коло

На денешен ден 1991 година Црвена Ѕвезда стана светски фудбалски првак постигнувајќи го најголемиот клупски успех на Југословенскиот фудбал, но и генерално, на фудбалот во Источна Европа.

Белграѓани во финалето на Интерконтиненталниот Куп го победија шампионот на Јужна Америка, Коло Коло со 3-0. Југовиќ во 19 и 58 минута постигна два погодоци откако претходно капитенот Савичевиќ доби црвен картон. Конечните 3-0 ги постигна Дарко Панчев со гол во 72 минута. Победничкиот пехар го подигна Илија Најдоски кој го одигра целиот натпревар.

Интересно е што менаџер на првакот на Чиле беше Мирко Јозиќ со што Југославија имаше и два менаџери/тренери во финалето, куриозитет што се нема повторено.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава