Наспроти високите плати на функционерите, илјадниците евра патни трошоци, милионите евра дадени за „ветар и магла“, скапите службени автомобили, патувањата во бизнис класа, стотици илјади евра за луксузен мебел по министерствата, имаме тажна реалност. Децата ни ги лечат во субстандардни услови, услови какви и во земјите во Африка не може денес да се сретнат.
Состојбата на детското одделение при ЈЗУ Општа Болница Кочани се повеќе од ужасни. А ужасот е уште поголем ако се знае дека вакви, па и полоши услови има и на другите болници ширум Македонија.