Папа Франциск: Злоупотребата на децата е ужасно злосторство, неопходно е да се покаже солидарност со малтретираните

Рим, 15 јануари 2025 (МИА) – Злоупотребата на децата е ужасно злосторство, изјави денеска папата Франциск.

„Злоупотребата врз малолетниците, без разлика на нејзината природа, е одвратен грозоморен чин. Тоа не е само чума на општеството, тоа е злосторство. Тоа е многу тешко кршење на Божјите заповеди. Ниту едно малолетно дете не треба да трпи злоупотреба. Затоа, неопходно е повторно да се разбуди совеста, да се биде близок и да се покаже конкретна солидарност со малтретираните деца и тинејџери, а во исто време да се изгради доверба и синергија со оние кои работат на тоа за да понудат безбедна средина во која децата можат да растат во мир, рече понтифот.

Од Рената Пепељугоска Извор МИА

Сподели ја оваа објава