Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул

Мoсква, 13 мај 2025 (МИА) – Руската делегација ќе ги чека украинските претставници во Истанбул, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, за телевизијата „Росија 1“.

„Нашата делегација ќе биде таму и ќе ја чека украинската страна“, изјави портпаролот на Кремљ.

Тој не го откри составот на преговарачката група од руска страна, ниту пак го прецизираше времето на почетокот на состанокот.

Од Златко Шумковски Извор МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава