spot_img

Либан истрела 25 проектили кон Голанската висорамнина

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Во Голанската висорамнина утрово се огласија сирени за тревога бидејќи Либан истрела околу 25 проектили, соопштија израелските одбранбени...
spot_imgspot_img
ПочетнаМакедониумПредаден па смртно ранет - 82 години од смртта на Орде Чопела

Предаден па смртно ранет – 82 години од смртта на Орде Чопела

На денешен ден 1942 година во Битола починал македонскиот комунист, учесник во НОБ и Народен херој на Југославија, Јордан Чопела попознат како Орде Чопела.

Јордан Чопела е роден во Варош, во семејство на печалбари. Во 1940 година станал член на Комунистичката партија на Југославија. Активен бил во здружението на тутунопроизводителите. Поради учеството во организирање на штрајк против Монополот, со цел да се зголемат откупните цени на тутунот, му била испратена покана за воена служба. Таму, исто така, организирал бунт поради квалитетот на храната и бил осуден на три месеци затвор.

Чопела бил активно вклучен во Народноослободителното движење за време на Втората светска војна во Македонија. На 16 јули 1941 година во неговиот стан во Прилеп е формирана Прилепска воена комисија. По директива на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, во јануари 1942 година престојувал во Битола, каде што требало да подготви партизански одред во Битолско.

На 8 април 1942 година во Битола Јордан Чопела бил предаден, и по куса борба бил смртно ранет од страна на бугарската фашистичка полиција. Починал на 9 април 1942 година. За народен херој бил прогласен на 2 август 1949 година.

Придружете се на Вибер каналот на Македонија Денес. Притиснете ТУКА.
spot_img
spot_img