Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македониум

Предаден па убиен – 81 години од смртта на Благој Јанков – Мучето

04.07.2025 07:38
Сподели

На денешен ден, 4 јули 1944, од страна на бугарските фашисти во градскиот парк во Струмица е убиен македонскиот народен херој Благој Јанков – Мучето.

Благој Јанков – Мучето е роден во 1911 година во Струмица, во сиромашно работничко семејство. Неговиот татко бил Минчо Коцев кој починал кога имал четири години. Неговата мајка Кумјанија, како вдовица со две деца се омажила за Гоне Јанков по кое Благој го добил презимето Јанков.

Благој Јанков основно училиште завршил во Струмица, а потоа се запишал во струмичката гимназија. Додека бил во основното образование, често бил казнуван, понекогаш и парично, бидејќи зборувал македонски на училиште. Но, по завршување на вториот клас, тој престанал со образованието и започнал да го изучува кројачкиот занает. По изучувањето на занаетот, не можејќи да најде работа во Струмица, заминал на печалба во Белград, каде се вработил кај модниот шивач за машка и женска облека, Адолф Голгубер. Дење тој работел во работилниците, а ноќе и во слободно време интензивно читал социјалистичка и комунистичка литература.

Банер Банер BrandEcho

Поради неговите активности, тој стекнал доверба и станал синдикален активист. Посебно бил добар организатор на штрајкови и излети. Уживал голем углед меѓу македонските печалбари во Белград. Во тоа време кај него созреала идејата за слободна Македонија. Во своите говори на состаноците на синдикалните организации, Јанков започнал сè повеќе да се истакнува и затоа бил забележан од српската власт. Во Белград, во синдикална акција на растурање летоци со марксистичка содржина, за првпат бил уапсен во 1927 година, како опасен антидржавен бунтовник. Во белградскиот затвор Главњача бил мачен и одвраќан од револуционерната дејност. Од затворот излегол по шест месеци.

По пуштањето од затвор, тој се вратил во Струмица. Во Струмица се ангажирал во организирањето на работничката класа и синдикати. Наишол на добар одзив од кројачките работници, организирал успешен штрајк кој сам го предводел и успешно го завршил. Полицијата повторно го прогонувала, а тој повторно отишол во Белград, но овој пат како член на КПЈ (1938). Со големо штрајкувачко и синдикално искуство, Мучето влегол во штрајкувачкиот одбор на Белград. Во една штрајкувачка демонстрација бил повторно уапсен од полицијата и одведен во затвор. Кога излегол од затворот станал член на реонскиот комитет на КПЈ на Белград.

Со своето револуционерно дело се афирмирал како истакнат комунистички борец, поради што станал член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во тоа својство бил упатен за инструктор во источна Македонија. Исто така станал и организатор на првите спротивставувања на бугарската окупациска власт во Струмица во 1941 година.

Исто така активно учествувал во подготовките за формирање на партиски организации за Радовиш, Берово и Валандово. Бугарската фашистичка полиција ја открила неговата работа. Како илегалец најмногу се движел во Штип и неговата околина. Направил партиска база во селото Долани, во својство на член на Обласниот комитет на КПЈ. Во една провала, полицијата извршила напад. Тогаш со Благоја бил и Славчо Стојменски, кој во престрелката со полицијата бил убиен, додека Јанков, ранет, успеал да се извлече. Во многу тешки услови ја продолжил револуционерната работа. Бугарскиот воен суд го осудил на смрт во отсуство и издал потерница со награда за него.

Во јуни 1944 година бугарскиот окупатор го открил неговото скривалиште, во домот на Спиро Захов во Струмица. Во еден саботен пазарен ден од јуни 1944 тој спие во племна со сено, но потерата не влегла бидејќи бил наоружан. Мучето ја насетил стапицата и скокнал низ прозорец. При бегањето се фрла врз самар на бел коњ, но коњот е врзан. Продолжува кон паркот, пукајќи кон полицијата. Но на метар пред спасот го зграпчуваат жилави контрашки раце на брадест малешевец. Тој успева да го префрли преку себе предавникот, и оди до првото стебло кое ќе го скрие од куршумите. Настанала нерамноправна борба на градските улици, во која Благоја херојски загинува.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

На денешен ден Ѓорѓи Сугарев бил предаден од Параловци

59 години од смртта на Стале Попов

159 години од раѓањето на големиот Македонец Ѓорче Петров

На денешен ден почина Димитар Влахов – Човекот што ја застапувал македонската нација пред светот

82 година од смртта на Никола Парапунов – симболот на партизанското движење во Пиринска Македонија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

Загина на 17 години за Македонија – 99 години од раѓањето на Ацо Караманов

Македониум

Во Музејот на македонската борба ќе се одбележат 140 години од раѓањето и 100 години од убиството на Арсениј Јовков

Македониум

Писмо од Никола Карев до Гоце Делчев

Македониум

На денешен ден: Починал Константин Миладинов – поетот на тагата по татковината

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?