Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) – „Нудист“, новиот албум на Пијан Славеј ќе биде промовиран денеска во 13 часот во кафе-книжарница „Буква“ во Скопје.
Вториот студиски проект на Пијан Славеј претставува 51 издание на SJF Records. Тој се состои од четири композиции, во вкупно времетраење од 17 минути.
Автор на текстовите е Бранислав Николов, а музиката и аранжманите се дело на групата.
Песните се снимени, миксани и продуцирани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“.
Дизајнот на омотот е дело на уметникот Владимир Лукаш, извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета.
Како што информираат организаторите, промоцијата, која што е дел од придружната програма на 23. ОФФест, ќе биде зачинета со акустичен мини-настап во живо, во кој Бранислав Николов ќе претстави дел од материјалот на новиот албум.
Од Ангела Рајчевска Извор МИА