Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: „Родителски Фронт“ со порака до Гордана Силјановска Давкова
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » „Родителски Фронт“ со порака до Гордана Силјановска Давкова
Семејство и деца

„Родителски Фронт“ со порака до Гордана Силјановска Давкова

08.04.2025
Share
SHARE

Здружението „Родителски Фронт“ со порака до Гордана Силјановска Давкова. Целосната порака е прикажана во продолжение:

Почитувана Претседателке на Република Македонија Gordana Siljanovska Davkova,

Обраќањето што Ви го упатуваме доаѓа од страна на здружението „Родителски фронт“ – граѓанска иницијатива составена од родители, граѓани од различни професии и општествени слоеви: адвокати, правници, лекари, наставници, професори, инженери, работници. Иако различни во нашите професионални идентитети, сите ние сме обединети околу најважната и најодговорна улога што ја имаме – улогата на родители.

Здружението е основано во 2023 година и од самиот почеток функционира исклучиво со сопствени средства, знаење и труд, без надворешни влијанија или финансии. Нашата примарна мисија е да ги заштитиме правата и добросостојбата на децата, како и да ги зачуваме и унапредиме родителските права кои се суштински за здравиот развој на секое дете и на општеството во целина.

Поводот за нашето обраќање е суштински значаен. Во периодот што следи, на Ваш потпис ќе се најдат измените на два клучни закона – Законот за средното образование и Законот за учебници за основно и средно образование. Со Вашиот потпис, Вие не само што ќе дадете легитимитет на овие законски измени, туку ќе ја потврдите и својата посветеност кон демократските принципи, уставноста и почитувањето на волјата на граѓаните – посебно на родителите, кои според Уставот се единствено одговорни за воспитувањето и образованието на своите деца. Сепак ќе се согласите дека децата се на родителите, а не на државата.

Причината поради која се залагаме за овие измени е загриженоста предизвикана од агресивната промоција на родовата идеологија од страна на одредени и исти невладини организации и луѓе кои се вмрежени во повеќе мрежи. Ако направите безбедносна процена на ниво на поединци, јасно ќе видите дека тоа се едни и исти луѓе насекаде во тие организации, и на еден или друг начин се капитално поврзани со фондовите на Отворено општество и кумулативно примале не помалку од 4 милиони евра секоја година досега, за менување на нашето општество по зацртаните урнеци од финансиерите. Во Македонија веќе ги има првите деца и семејства – жртви на родовата идеологија кои се уценети да финансираат промена на пол и земање на хормонска терапија за кастрација и понатаму хируршки операции.

А деновиве токму тие истите, преку институционални механизми, се обидуваат да воведат содржини во образовниот систем кои, според нас и според многу експерти, не соодветствуваат на детската возраст, културниот контекст и уставните вредности на нашето општество. Преку иницијативи за рана сексуализација на децата, како и за легализација на поими како „родов идентитет“ и „род“, кои не се ниту уставно признаени, ниту правно дефинирани, се создаваат длабоки поделби и несигурности во воспитно-образовниот систем.

Во овој контекст, Вашата одлука е повеќе од формалност. Таа е акт на заштита на Уставот, на правната држава, и најважно, на децата и нивните семејства. Истовремено, сме сведоци на притисоци од страна на одредени организации, како ХЕРА и сродните на неа, кои отворено бараат да не се потпишат измените на законите. Го поставуваме логичниот прашалник – ако ние, како родители, се бориме за заштита на нашите деца, за што се борат тие? Кој е нивниот објект на заштита, ако не идеолошките агенди кои сакаат да ги наметнат преку образованието?

Премиерот Hristijan Mickoski јасно образложи дека како Влада ја отфрлаат родовата политика и ќе применуваат полова политика со јасен акцент на семејни вредности. Ја цитираме изјавата на Мицковски: „Во животот стекнуваме вредности и тие вредности понатаму ние ги пренесуваме на тие коишто нас нѐ наследуваат, а една од тие важни вредности е и семејството. Денеска современиот патриотизам е и љубовта кон Македонија и сето она коешто е поврзано со Македонија е и иднината на Македонија како држава, но и иднината на еден од најмалку бројните народи во Европа, а тоа е македонскиот народ заедно со останатите граѓани кои што живеат денеска во Македонија, зависи токму од таа вредност, од тој столб наречен семејство.

Тоа е многу важно, затоа што ако имаме многудетно семејство и доколку како млади почнеме да формираме семејство, тогаш нема подобар начин да го изразиме нашиот патриотизам и љубовта кон сопствениот народ и сопствената држава“.

Почитувана Претседателке, како професор по Уставно право, Вие најдобро знаете што значи уставноста и колку е важна улогата на државата во заштита на правата на децата и семејството. Како родител, сигурни сме дека длабоко ја разбирате емоцијата, одговорноста и посветеноста која секој родител ја има кон своето дете.

Затоа, во името на илјадници родители, членови и поддржувачи на Родителски фронт, Ве повикуваме со Вашиот потпис да застанете зад овие законски измени. Со тоа ќе го заштитите највисокиот интерес – интересот на детето, но и ќе ја потврдите волјата на мнозинството граѓани во Република Македонија.

Почитувањето на родителите, почитувањето на уставниот поредок и заштитата на идните генерации – се во Ваши раце.

Со искрено почитување,

Родителски фронт

 

You Might Also Like

Како менувањето на партнери влијае врз развојот на вашите деца?

Зошто присуството на таткото е важно за развојот на децата?

Највозрасното дете во семејството е „роден лидер“ во животот

Некој од најкрупните грешки во родителското воспитување

Одговорно родителство за детето да не израсне во нарцис

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?