Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: Тајната на успехот на Клинт Иствуд како глумец и режисер
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » Тајната на успехот на Клинт Иствуд како глумец и режисер
Музика и филм

Тајната на успехот на Клинт Иствуд како глумец и режисер

12.07.2024
Share
SHARE

Лос Анџелес, 12 јули 2024 (МИА) – Клинт Иствуд, познат и како глумец, и како почитуван режисер, застана зад камерата во 1971 година, кога го режираше својот филм „Морници во ноќта“ (Play Misty for Me), па оттогаш создаде бројни извонредни филмски дела.

Се вели, филмската режија носи многу поголема одговорност отколку самата глума, а Клинт Иствуд се чини дека знае како да се справи и со својата втора професија. Меѓу попознатите негови режисерски дела се „Непростено“ од 1992., награден со четири „Оскари“, „Мостовите на Округот Медисон“, „Девојка од милион долари“, „Писма од Иво Џима“ и „Гран Торино“.

Создавањето позитивна работна атмосфера е еден аспект од режијата којшто честопати останува незабележан.

Ad image

– Сакам да се забавувам. Ми се допаѓа она кога сите се во добро расположение, изјави Клинт Иствуд во интервју за порталот „ДГА“.

Тоа е еден дел од атмосферата што Иствуд сака да ја создаде за својата екипа, но продуцирањето филм само заради чиста забава веројатно нема да привлече многу внимание. Следствено, Клинт Иствуд сака и на сцената да биде „тивка“ и „без напнатост“, како всушност и многу од неговите филмови.

Тишината, вели, е неопходна за 94-годишниот филмаџија и за добро завршена работа, но од друга страна, една од работите што го иритираат – дури и повеќе од „луѓето кои врескаат еден кон друг“, е она кога „тие се обидуваат да cе замолчат“ еден со друг. Иствуд ја намалува „вревата“ на минимум, за глумците да можат да работат концентрирано и да го внесат потребниот интензитет во нивните изведби, што, според многумина, ги прави неговите филмови толку одлични.

Иако во 2021 година најавуваше дека „Плачи, Мачо“ (Cry Macho) е неговиот последен режисерски проект, според ИМДБ, следниот филм на Иствуд – „Поротникот бр. 2“ (Juror #2) е веќе комплетиран и се чека на датумот на премиерата.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

You Might Also Like

Најавена преработка на „Пирати од Карибите“

Како вештачката интелигенција го менува светот на музиката: Револуција или закана?

Почина Бора Чорба

Во Лос Анџелес 96. доделување на Оскарите

Петте руски филмови за Втората светска војна со најголема заработка во кината

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?