Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Трамп може да се откаже од командата на НАТО во Европа
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Трамп може да се откаже од командата на НАТО во Европа
Свет

Трамп може да се откаже од командата на НАТО во Европа

20.03.2025
Share
SHARE

Вашингтон 19 март 2025 (МИА) – Администрацијата на Доналд Трамп размислува да се откаже од командата на силите на НАТО во Европа, која речиси 75 години е исклучиво американска, објави „Ен-Би-Си нуз“ повикувајќи сè на неименувани извори.

Во изминатите седум и пол децении Вашингтон имаше ексклузивно право да назначува генерал со четири ѕвездички на функцијата Врховен командант на здружените вооружени сили на Алијансата.

Според телевизијата, откажувањето на САД од командата со НАТО во Европа се разгледува како дел од реформите на борбените команди и штабови на вооружените сили спроведена од Пентагон. Генерал Кристофер Каволи, кој моментално ја извршува оваа функција, истовремено е и шеф на Европската команда на САД. Тој, меѓу другото, ја координира поддршката за Украина во контекст на руската агресија. Пентагон размислува да интегрира во една, пет од вкупно 11 борбени команди, меѓу кои европската и најновата, африканската, чиј штаб е планиран за во германскиот град Штутгарт.

Со тоа би се заштедиле до 270 милиони долари годишно, или околу 0,03 отсто од годишниот буџет на американското Министерство за одбрана. Доколку САД се откажат од позицијата Врховен командант на здружените вооружени сили на Алијансата, другите членки на НАТО ќе треба да одлучат која земја ќе го предложи новиот командант. Според Џејмс Ставридис, кој ја извршуваше функцијата врховен командант на НАТО од 2009 до 2013 година, таквиот потег може да доведе до губење на влијанието на САД во Алијансата, а одлуката би можела да се протолкува како прв чекор кон целосно повлекување од воениот сојуз.

Трамп почна да разгледува промени во форматот на учеството на САД во НАТО веднаш по преземањето на функцијата. Според изворите на телевизијата, шефот на Белата куќа разговарал со своите советници за можноста да се „даде приоритет на оние членки на алијансата“ чии трошоци за одбрана го исполнуваат таргетот (што моментално изнесува два отсто за одбрана од БДП). Врз основа на овој критериум, Вашингтон би можел да одлучува со кои сојузници ќе одржува заеднички воени вежби. Во исто време, соговорниците тврдат дека Вашингтон веќе ги предупредил европските престолнини за можноста од намалување на своето воено присуство во Европа. Од друга страна, Советот за национална безбедност на Белата куќа изјави дека Трамп останува посветен на обврските кон НАТО, вклучително и на членот 5 од договорот.

Меѓу оние што досега не успеале да ги зголемат трошоците до потребното ниво се Хрватска, Португалија, Италија, Канада, Белгија, Словенија, Луксембург и Шпанија. Во исто време, Трамп повика во блиска иднина да се зголемат трошоците за одбрана до пет отсто.

Од Борис Камчев, САД Извор МИА

You Might Also Like

Граѓаните на БиХ денеска и утре ги бојкотираат продавниците

Европарламентот го одобри новиот план за поддршка на Молдавија

Клучни моменти од обидот за атентат врз Доналд Трамп

Камала Харис утре ќе го има своето прво интервју како претседателски кандидат

Вучиќ на Генералното собрание ги обвини западните земји дека ги кршат нормите на ОН

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?