Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Фудбал

Вардар славеше против Шкендија во Тетово

27.10.2025 19:35
ФОТО: ФФМ
Сподели

Вардар по осум години славеше во Тетово против Шкендија во дербито на колото во Првата македонска фудбалска лига.  Најтрофејниот македонски клуб славеше со минимални, но големи 0:1 на гостувањето во Тетово. Ова е прв триумф на „црвено-црните“ по дури 21 одигран натпревар.

Со овие три бода, Вардар се искачи на лидерската позиција на табелата по десет одиграни кола со 24 бода, пред Струга која има еден помалку, додека Шкендија падна на четвртото место со 21 бод.

Средбата во Тетово започна со внимателно и тактичко надмудрување на двата тренери. Во првиот дел немаше многу возбудувања, домашните се обидуваа со удари од далечина, но голманот Давор Талески беше одличен и не дозволи изненадување. Вардар прв се закани преку Мато, чија топка беше расчистена, а потоа Матиќ биеше над голот. Најблиску до погодок беше Азер Омерагиќ, кој по нафрлување од Мато со глава шутираше крај стативата.

Ad image

Највозбудлив момент во првото полувреме беше во 31. минута, кога Шкендија создаде три големи шанси во само неколку секунди. Бесарт Ибраими опасно биеше од слободен удар, но Талески со феноменална парада спаси. По одбиената топка следуваше удар на Спахиу кој го расчисти Филип Најдовски од гол-линија, а потоа и повторниот обид на Ибраими го одбрани Талески. На одмор се замина без голови.

Банер Банер BrandEcho

Веднаш на стартот од второто полувреме, по корнер на Вардар, Алхасан направи невнимателен потег и играше со рака во скок. Судијата Стојанче Трпчевски покажа на белата точка, а Давид Бабунски сигурно реализираше за водство од 0:1 во 49. минута.

По водството, Вардар играше мирно и зрело. Мато продолжи да прави проблеми на одбраната на Шкендија, додека домаќините се обидуваа преку Тамба и Ибраими, но Давор Талески беше непогрешлив меѓу стативите. Во завршницата, младите Данев и Тодоровски донесоа свежина во редовите на Вардар, кој преку контри можеше и да ја зголеми предноста, но недостасуваше последниот пас.

Во 87. минута Ибраими постигна погодок за радост на домашната публика, но по преглед на ВАР снимката, голот беше поништен поради офсајд.

Трите бода заминаа за Скопје, а Вардар со оваа победа уште еднаш потврди дека се враќа во голем стил. Во следното коло Вардар ќе го пречека Силекс во ново дерби на врвот, додека Шкендија ќе гостува кај Брера во Струмица.

Извор/Фото:www.ffm.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Руни шокира со споредба: „Ван Гал е подобар од Фергусон!“

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ

Раководството на Милан размислува за отпуштање на Фонсека

Хуан Мата започнува нова авантура во Мелбурн Виктори

На фудбалски натпревар во Охрид нападнат главниот судија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Фудбал

Фан зона за македонските навивачи во Гент

Борусија Дортмунд потпиша со Гираси

Фудбал

Баерн Минхен во преговори за заем со Николас Џексон

Фудбал

Син на бразилска легенда доби повик за Англија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?